Трага: Министерство>Воен музеј
СЛУЖБА ЗА ВОЕНА ИСТОРИЈА-ВОЕН МУЗЕЈСлужбата за воена историја-Воен музеј е нова организациона единица во Министерството за одбрана која е формирана на 1 август 2006 година. Во тек е нејзиното конституирање и докомплетирање според позитивните законски прописи на РМ и според Проектот за формирање на Воен музеј изработен во октомври 2005 година. Воениот музеј се наоѓа во Скопје, улица Васко Каранѓелески бб, во објектот изграден во 1935 година во кој било сместено Военото обвинителство. По осамостојувањето на Република Макеоднија во оваа зграда е сместен деканатот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Во 2006 година овој објект е пренаменет во Воен музеј. Со основањето на Воениот музеј како прв таков во 28 вековната воена историја на Макеоднија поставена е уште една институција со која се манифестира осамостојувањето на Република Макеодонија и стекнувањето на државна независност. Воениот музеј е мошне значајна специјализирана национална институција која открива, собира, истражува, конзервира и чува предмети, документи и други сведоштва поврзани со воената историја на Макеоднија. Организира изложби-постојани и повремени, врши изучување, негување и ги пренесува слободарските и борбените традиции на македонскиот народ. Основни задачи на Воениот музеј се: да ја афирмираисторијата на Македонија, да ги воспитува и едуцира младите и да врши научно-истражувачка дејност од областа на воената историја на Макеоднија. Воениот музеј е отворен за посетителите секој работен ден од 09,00 до 15.00 часот. Во моментот Воениот музеј располага со 4 збирки: 1. Оружје и предмети од античкиот период; 2. Оружје и предмети од средновековниот и османлискиот период; 3. Оружје, предмети и сведоштва од Илинденскиот период; и 4. Оружје, предмети и сведоштва од времето на Втората светска војна и НОАВМ. Во тек е реновирање на зградата на Воениот музеј и уредување на надворешниот простор на музејот што е планирано да биде завршено до крајот на 2006 година. Од отварањето на Воениот музеј реализирани се повеќе групни и поединечни посети на граѓани, основни и средни училишта, детски градинки, странски делегации, воени аташеа, странски претставници во РМ и други гости. На 16.11.2006 година Воениот музеј го посетија учесниците на вежбата СЕЕСИМ 06. |