Канцеларија за односи со јавноста

 


МИСИЈА И ЗАДАЧИ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА ВО ГШ НА АРМ



Основна мисија на КОЈ во ГШ на АРМ е да обезбеди континуирано, точно и навремено информирање како на јавноста така и на постојаниот состав на АРМ за сите активности на ГШ на АРМ и потчинетите команди и единици.
КОЈ согласно нејзината основна мисија, приоритет во информирањето ќе им дава на поважните настани со кои треба да биде запознаена јавноста, а врз основа на дневното оперативно следење, координацијата со Директорот на ГШ на АРМ и командите на потчинетите единици. За успешно извршување на основната мисија КОЈ мора да обезбеди максимална и перманентна координација со сите структури на МО и ГШ на АРМ, со што ќе има целосен увид во животот и работата на целокупниот состав на АРМ, ажурирање на податоци од различни области, како и следење на актуелните процеси во МО и АРМ кои имаат импликација на процесот на трансформација и постигнување на НАТО стандардите.

Основна цел на работата на КОЈ е таа со своето континуирано работење да обезбеди промоција на мисијата на Армијата, нејзините редовни оперативни задачи и подзадачи, реформските процеси со кои се овозможува потребната компатибилност и интероперативност, неопходни за влез во НАТО, како и основната улога во општеството детерминирана со Уставот на Република Македонија.


Задачи на Канцеларијата за односи со јавноста

- обезбедување медиумско покривање на сите значајни настани во рамките на редовните активности на ГШ на АРМ, потчинетите команди и единици, како и активности во доменот на меѓуармиската соработка;
- подготвување и организирање на прес-конференции, брифинзи и друг вид активности и соработка со домашните и со странските медиуми, со цел презентирање на официјалните ставови на АРМ во врска со значајните настани од областа на одбраната;
- следење, изучување, обработување, анализирање и проценување на конкретните елементи на информативните содржини во врска со одбраната, објавени и публикувани во средствата за јавно информирање и нивното влијание врз концепцијата, развојот и функционирањето на Армијата и системот за одбрана, и на таа основа, предлагање и преземање соодветни мерки за надминување на негативните, односно афирмирање и насочување на позитивните текови во смисла на добивање
поддршка на јавноста за активностите на АРМ;
- иницирање и изработка на информации, прегледи и други информативни содржини од областа на активностите на АРМ;
- следење, истражување и анализирање на состојбата на научно-истражувачката дејност во областа на информативната сфера и предлагање и преземање мерки за нејзино унапредување;
- следење, анализирање, насочување и преземање мерки и активности за унапредување на методологијата во остварувањето на целите и содржините на информативната дејност во АРМ;
- координирање, предлагање и изработка на програми, планови, упатства, инструкции и насоки од областа на информативната дејност во Министерството за одбрана и АРМ;
- утврдување, планирање, програмирање и нормативно обезбедување на МТС од областа на информативната дејност;
- координирање на активностите на офицерите за односи со јавноста во потчинетите команди и единици со цел да се изврши соодветно анимирање и соработка со меиумите на локално ниво;
- организирање прес – центар на АРМ, во услови на воена состојба, кризни состојби предизвикани од природни непогоди или други фактори, изведување на вежби од поширок карактер или други церемонии од државен карактер, во кои АРМ има забележителна улога, со цел да се обезбеди поефикасно и поквалитетно информирање на јавноста.



Формациски состав на Канцеларијата за односи со јавноста


Формацискиот состав на Канцеларијата за односи со јавноста(КОЈ) во ГШ на АРМ се состои од:
  • Началник на Канцеларијата, воедно и Портпарол
  • на ГШ на АРМ;
  • Офицер за планирање и извршител за електронски медиуми;
  • ЦЛ – извршител за печатени медиуми и
  • ЦЛ – ракувач со фото и видео камера и возач.


Приоритети за работата на канцеларијата за односи со јавноста во ГШ на АРМ за 2007 година

Врз основа на задачите и приоритетите на ГШ на АРМ за 2007 година, како и потребата од ефикасна и стручна работа на Канцеларијата, во годината која ќе биде клучна за приемот на Република Македонија во НАТО, главни приоритети за КОЈ во 2007 година ќе бидат:
• реализација на обука за офицери за односи со јавноста ;
• формирање на работна група за изработка на Доктрина за односи со јавноста;
• организирано медиумско покривање на поголеми вежби и други позначајни активности, согласно Годишниот план за работа на ГШ на АРМ;
• согледување на потребите за измени во формација, во делот на односите со јавноста;
• реализација на понудата за одржување на семинар за односи со јавноста, од страна на Армијата на САД;
• проширување, ажурирање и креирање на Web страница на АРМ, во рамките на МО, која ќе ги содржи сите неопходни информации за ГШ на АРМ и сите потчинети команди и единици и • континуирано промовирање на неопходната транспарентност на АРМ, со доследно спроведување на оваа програма и нејзино дополнително дизајнирање во склад со потребите на АРМ.


Контакт телефони и Е-mail адреси:
- 02/328-2459
- 02/328-2467 (Fax)
- mirce.gorgoski@morm.gov.mk
- kontaakt@morm.gov.mk