Учество во мисијата „СЛОБОДА ЗА ИРАК”

На 04.04.2003 година Амбасадорот на САД во Република Македонија се обрати до министерката за надворешни работи на РМ, г-ѓа Илинка Митрева со писмо со кое ги пренесува заклучоците на State Department-от за формално одобрување од страна на Владата на Република Македонија за испраќање контингент на АРМ во мисијата „Слобода за Ирак”.

Врз основа на дадената подршка на Република Македонија на коалиционите сили во операцијата Слобода за Ирак, а по барање на Владата на САД и врз основа на ратификуваните СОФА договори со Кувајт и Катар, Република Македонија изрази подготвеност да испрати свои единици во мировна операција, како подршка во пост-воената фаза 4 во Ирак.

Одлука за испраќање на единица на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција во Ирак донесе Собранието на Република Македонија.

Од 01.06.2003 година Армијата на Република Македонија учествува во мировната мисија Слобода за Ирак . Контигентот на АРМ се состоеше од:
  • 2 офицери во Централната команда CENTCOM во Флорида, САД,
  • 2 штабни офицери и 1 офицер за врски во Командата (CJTF 7) во Багдад, и
  • 28 војници од составот на Одредот за специјални намени.
Контигентот на АРМ беше во состав на 4.пд на Армијата на САД.

Во декември 2003 година упатен е вториот контигент на АРМ во мисијата Слобода за Ирак. Контигентот на АРМ се состои од:
  • 2 офицери во Централната команда CENTCOM во Флорида, САД,
  • 2 штабни офицери и 1 офицер за врски во Командата (CJTF 7) во Багдад, и
  • 31 војници од составот на Одредот за специјални намени.
Контигентот на АРМ беше во состав на 4.пд а сега е во состав на 1.ЦД на Армијата на САД. Припадниците на АРМ во рамките на мисијата Слобода за Ирак успешно, професионално и на доследен начин ја претставуваат Република Македонија.

Во Јуни 2004 година заминаа триесет и двајца армиски специјалци и тројца офицери мисијата во составот на третиот контингент на АРМ во мировната мисија "Слобода за Ирак". Тие го заменија вториот контингент во Таџи чиј мандат истече на крајот на мај 2004 година.

Собранието на почетокот на декември 2005 година донесе одлука за испраќање на четврт македонски воен контингент во мисијата "Слобода за Ирак", составен од 32 припадника на постојаниот состав на АРМ, еден офицер за работа на должност висок воен претставник во Централната команда на вооружените сили на САД, во Тампа, Флорида и по еден офицер за врски во Тампа и во Багдад.

Во јуни 2005 година се изврши 5-тата ротација на контингентот на АРМ во мировната мисија "Слобода за Ирак". Контингентот броеше 35 припадници на АРМ и еден офицер за работа на должност висок воен претставник во Централната команда на вооружените сили на САД и еден офицер за врски во Тампа.

Во декември 2005 година се направи 6-тата ротација и беа испратени 40 припадници на АРМ во мировната мисија "Слобода за Ирак" и еден офицер за работа на должност висок воен претставник во Централната команда на вооружените сили на САД и еден офицер за врски во Тампа.

Во тек е 7-та ротација на АРМ во мировната мисија "Слобода за Ирак". Контингентот брои 40 припадници на АРМ и еден офицер за работа на должност висок воен претставник во Централната команда на вооружените сили на САД и еден офицер за врски во Тампа.