|
|
Вести14:16 - четврток, 17 јули 2008
На 18 јули (петок) во касарната ,,Чедо Филиповски – Даме“ во Кичево со почеток во 11.00 часот ќе се одржи свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на 2. механизирана пешадиска бригада (мпбр) на АРМ, помеѓу бригадниот генерал Димче Петровски и полковникот Бранко Дракалски. Со Указ на Претседателот на Република Македонија, за нов командант на 2.мпбр е поставен полковникот Бранко Дракалски кој досега ја извршуваше должноста заменик на командантот на 2.мпбр. Инаку, полковникот Бранко Дракалски во својата кариера на офицер на АРМ поминал повеќе должности како офицер на родот Артилерија, а како поважни се: командант на артилериски баталјон, командант на артилериски полк и командант на Центар за обука. Воена Академија на копнената војска завршил во 1983 во Белград, командно-штабна школа завршил во 1996 година во Воената Академија ,,Миха...
| Вести13:14 - среда, 16 јули 2008
На 17 јули (четврток) во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец со почеток во 11.00 часот ќе се одржи свеченост по повод успешното завршување на учеството на хеликоптерскиот детачмент на АРМ во мировната мисија ,,АЛТЕА“ предводена од силите на ЕУФОР во базата Бутмир, Босна и Херцеговина. Како што е познато, хеликоптерскиот детачмент од составот на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) на АРМ со учество во мисијата ,,АЛТЕА“започна во јули 2006 година, при што во оваа мисија во изминативе две години учествувале преку 70 припадници на вВИНГ. Инаку, како резултат на достигнатиот степен на интероперабилност како и оперативната способност на вВИНГ на АРМ, Република Македонија позитивно одговори на барањето на ЕУФОР да испрати во јули 2006 година еден хеликоптерски детачмент во мисијата ,,АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина. Припадниците од транспортниот ск...
| Вести11:27 - вторник, 08 јули 2008
На 9 јули (среда) во касарната ,,Михаило Апостолски“ во Охрид со почеток во 11.00 часот ќе се одржи свеченост по повод дочекот на механизираниот пешадиски вод од составот на 2. механизирана пешадиска бригада (мпбр) на АРМ, кој во мисијата ,,Слобода за Ирак“ беше ангажиран во рамките на коалициските сили во Ирак, предводени од Армијата на САД. Механизираниот пешадиски вод во мисијата ,,Слобода за Ирак“ учествуваше со персонал од 36 професионални војници и старешини чија основна задача во претходните шест месеци беше да ја обезбедува базата на коалициските сили во Таџи, како дел од единицата на Армијата на САД наменета за оваа задача. Инаку, обученоста и врвните професионални квалитети ,,Леопардите“ од 2.мпбр кои еднаш ги покажаа при извршувањето на мисијата ИСАФ во Авганистан, ги потврдија и во мисијата ,,Слобода за Ирак“ с...
| Вести09:28 - понеделник, 07 јули 2008
Денес, (7-ми јули) во Анталија, Република Турција се одржа втората Конференција на началниците на генералштабовите на вооружените сили на балканските земји, на која учествува НГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски. На конференцијата, каде покрај НГШ на АРМ учествуваат и началниците на ГШ на вооружени сили на уште осум земји од Балканот и тоа: Република Турција, Албанија, Грција, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Романија и Србија, беа презентирани заклучоците на работни групи на конференцијата. Овој нов форум на армиските лидери од регионот, годинава посебен акцент беше даден на прашањата кои се однесуваат на: зедничките проценки на асиметричните закани по безбедноста на Балканот, новите предизвици на вооружените сили во функција на унапредувањето на стабилноста во регионот, како и унапредување на соработката помеѓу армиите во регионот и...
| | | | | | | | | | | | | |
|
|