|
|
Публикации
БЕЛАТА
КНИГА на одбраната на Република Македонија е основен
документ кој се надградува на Националната концепција
за безбедност и одбрана на Република Македонија од
мај 2003 година и Политичката рамка на Стратегискиот
одбранбен преглед од октомври 2003.
Белата книга на одбраната ги презентира напредокот
и трансформацијата во одбранбените реформи и ја објаснува
безбедносната и одбранбената стратегија на Република
Македонија.
Белата книга има за цел да биде целосно транспарентна,
што од своја страна ќе овозможи подобро разбирање
на одбранбената стратегија и активностите на Министерството
за одбрана и Армијата на Република Македонија.
Стратегиска цел на Белата книга е да придонесе кон
подобро разбирање на континуираната заложба на Република
Македонија за постигнување на двете национални цели
за полноправно членство во НАТО и во Европската унија. |
| |
- "ОДБРАНА" е илустрирана
месечна ревија со сопствена редакција.
Списанието објавува текстови и фотографии од сите
области на одбраната. Автори на текстовите се познати
македонски научни работници и публицисти од таа област,
а меѓу нив, значајно место заземаат воените стручњаци
професионално ангажирани во Министерството за одбрана
и Армијата на Република Македонија. Главен и одговорен
уредник е Васил Дичевски.
Првиот број на списанието "Одбрана" излезе
на 27 август 1992 година, истата година кога се осамостои
македонската одбрана. Адреса
на редакцијата:
Министерство за одбрана
списание "ОДБРАНА"
ул. Орце Николов бб, 1000 Скопје
тел: (++389 2) 28 24 16
факс: (++389 2) 12 82 76
E-mail: odbrana@morm.gov.mk |
| |
- "АРМИСКИ
ЗБОР" е весник на Армијата на Република Македонија.
Излегува секој прв четврток во месецот на 20 (16 +
4) страници, А4 формат, како додаток во дневниот весник
"Вест".
Преку развиена дописничка мрежа, во форма на вести,
анализи и извештаи, "Армиски збор" ја информира
јавноста за настаните во областа на одбраната, со
посебен осврт на развојот на одбраната, меѓуармиската
соработка, борбената обука, военото школство и здравство,
негувањето на слободарските традиции, спортот и културата.
Потполно е транспарентен, како во смисла на соработка
така и за информирање на јавноста за прашања од областа
на одбраната.
Подготовките, уредувањето и излегувањето на "Армиски
збор" се во непосредна организација на посебна
редакција, што ја одредува министерот за одбрана на
Република Македонија. Главен и одговорен уредник е
мајор Здравко Ризовски.
Првиот број на "Армиски збор" излезе на
17.08.1995 година. Адреса
на редакцијата:
Министерство за одбрана
"АРМИСКИ ЗБОР"
ул. Орце Николов бб, 1000 Скопје
тел: (++389 2) 28 24 17 |
| |
- "СОВРЕМЕНА
МАКЕДОНСКА ОДБРАНА" е теоретско списание
со сопствена редакција коешто излегува двапати годишно,
на B5 формат.
Во списанието се објавуваат оригинални стручни трудови:
научно стручни трудови, прикази на книги, куси соопштенија,
а континуирано или повремено во списанието се објавува
и библиографија, календари на научни манифестации
во земјата и странство, позначајни датуми, рекламирање
на фирми и претпријатија и др.
Доминантните рубрики на списанието се: Општо теоретски,
доктринарно-стратегиски и други теми од областа на
одбраната; Геополитички, геостратегиски, военополитички
и теми од меѓународен ангажман во областа на одбраната;
Техничко-технолошки достигнувања, вооружување и опрема;
Други рубрики од областа на безбедноста, одбраната
и заштитата; и Прикази на книги, стручни трудови и
др. од областа на одбраната.
Автори на текстовите се познати домашни и странски
научни работници и истражувачи од областите на доминантните
рубрики во списанито.
Главен и одговорен уредник е професор д-р Трајан Гоцевски
од Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" -
Филозофски факултет - Скопје, а заменик главен уредник
е доцент д-р Сокле Кочоски, полковник од Воената академија
на Република Македонија, "Генерал Михаило Апостолски"
- Скопје.
Првиот број на списанието излезе на 01. јуни 2000
година. Адреса
на редакцијата:
Министерство за одбрана
"СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ОДБРАНА"
ул. Орце Николов бб, 1000 Скопје
|
|
|
|