konkurs-prv-ciklus-2010.jpg

 



БЕЛА КНИГА НА ОДБРАНАТА

Белата Книга на одбраната на Република Македонија е основен документ кој се надградува на Националната концепција за безбедност и одбрана на Република Македонија од мај 2003 година и Политичката рамка на Стратегискиот одбранбен преглед од октомври 2003.

Белата книга на одбраната ги презентира напредокот и трансформацијата во одбранбените реформи и ја објаснува безбедносната и одбранбената стратегија на Република Македонија.

Белата книга има за цел да биде целосно транспарентна, што од своја страна ќе овозможи подобро разбирање на одбранбената стратегија и активностите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.

Стратегиска цел на Белата книга е да придонесе кон подобро разбирање на континуираната заложба на Република Македонија за постигнување на двете национални цели за полноправно членство во НАТО и во Европската унија.