konkurs-prv-ciklus-2010.jpg

 



СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ОДБРАНА

"СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ОДБРАНА" е теоретско списание со сопствена редакција коешто излегува двапати годишно, на B5 формат.

Во списанието се објавуваат оригинални стручни трудови: научно стручни трудови, прикази на книги, куси соопштенија, а континуирано или повремено во списанието се објавува и библиографија, календари на научни манифестации во земјата и странство, позначајни датуми, рекламирање на фирми и претпријатија и др.

Доминантните рубрики на списанието се: Општо теоретски, доктринарно-стратегиски и други теми од областа на одбраната; Геополитички, геостратегиски, военополитички и теми од меѓународен ангажман во областа на одбраната; Техничко-технолошки достигнувања, вооружување и опрема; Други рубрики од областа на безбедноста, одбраната и заштитата; и Прикази на книги, стручни трудови и др. од областа на одбраната.

Автори на текстовите се познати домашни и странски научни работници и истражувачи од областите на доминантните рубрики во списанито.
Главен и одговорен уредник е професор д-р Трајан Гоцевски од Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" - Филозофски факултет - Скопје, а заменик главен уредник е доцент д-р Сокле Кочоски, полковник од Воената академија на Република Македонија, "Генерал Михаило Апостолски" - Скопје.
Првиот број на списанието излезе на 01. јуни 2000 година.


Адреса на редакцијата:
Министерство за одбрана
"СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ОДБРАНА"
ул. Орце Николов бб, 1000 Скопје