АРМ, нејзините припадници и професионалните војници не треба да се вплеткуваат во политика, изјави министерот за одбрана Зоран Коњановски, коментирајќи ја утрешната најава за протест на професионалните војници пред македонското Собрание кога ќе се разгледува Предлог законот за служба на АРМ. - Во последно време политиката премногу е навлезена во таа сфера, тоа можеше да се види од собраниската комисија пред неколку дена. Јас ги замолив сите политички партии посебно претставниците од СДСМ да ги остават настрана припадниците на АРМ, професионалците и да не ја вплеткуваат политиката во армијата, рече Коњановски, по трибината „Придонес на Макеоднија кон глобалната безбдност и светскиот мир“.. Во АРМ, како што посочи, треба да бидат најспособните, најдобрите и најспремните, нагласувајќи дека место за политика во Армијата нема. - Јас долго време разговарав со професионалните војници го објаснив моделот кој ќе биде дел од овој закон, а тоа ќе биде активната резерва мислам дека тоа ќе придонесе за јакнење на структурите на професионалните војници. Тие кога ги потпишувале договорите многу јасно и недвосмислено потпишале договор каков што ние им нудиме, а тоа е дека Министерството има обврска до навршување на 38-та година, потоа немаме никава обврска, но од морална гледна точка ние припремаме една програма која ќе служи за побрзо привикнување на цивилните професии од моментот кога ќе треба да ја напуштат АРМ, појасни министерот за одбрана. Според него, најдобрите имаат можност преку курсеви да станат подофицери, како што е и во други армии, а оние кој нема да бидат подофицери ја напуштаат армијата како што и потпишале договори. На новинарско прашање за обвинувањата на ВМРО - ДПМНЕ кон екс министерот за одбрана Владо Бучковски и од каде се доказните материјали, Коњановски рече дека одредени компании кои долго време не можеле да добијат работа од Министерството за одбрана, ги доставиле тие документи до Центарот за комуникација на партијата, претпоставувајќи дека тоа го напаравиле, бидејќи немале пристап на транспарентен начин да достават понуда. - Од каде е таа храброст да се потрошат повеќе од 100 милиони на така не транспарентен начин со неколку фирми роднински поврзани меѓу себе и служат да пратат одредена понуда која ќе биде примена од Министертвото за одбрана за извршување градежни активности. Мислам дека во најмала рака тоа се коси со моралните принципи, а за останатото ние цел предмет ќе го пратиме до надлежните да видат дали е тоа исправно или не, рече Коњановски. |