Делегација на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски ќе учествува на состанокот на Евроатланскиот партнерски Воен комитет во сесија на началници на генералштабови (EAPMC/CS), кој се одржува денес и утре во командата на НАТО во Брисел. Главна тема за која ќе се расправа на состанокот на армиските лиедери на членките на НАТО и ПзМ, е анализа на состојбите на Косово и Авганистан и учеството во мисиите КФОР и ИСАФ како најголеми операции во кој учествуваат армиите членки на НАТО и ПзМ. Според агендата на состанокот се очекува Алијансата повторно да го искаже вниманието кон придонесот на армиите членки на ПзМ во операциите предводени од НАТО, како и да се согледаат научените лекции кои имаат директно влијание врз обуката и подготовката на единиците за успешно извршување на мисиите. |