На 30-ти и 31-ви јануари 2010 година, на скијачките терени во Крушево, со почеток во 10.00 часот ќе се одржи купот на АРМ во Биатлон. На купот покрај екипите на АРМ ќе учествува и екипа од Скијачката Федерација на Македонија. Свеченото отварање на купот на АРМ во Биатлон е предвидено во 10.00 часот, на 30-ти јануари (сабота). Купот на АРМ во Биатлон секоја година традиционално се одржува на скијачките патеки кај месноста Кипрово во Крушево, а минатата година заради недостиг од снед тој се одржа на скијачките терени во Маврово кога за прв пат учествувааше и екипа од Војската на Република Србија. Годинешниот куп за екипите од АРМ ќе има посебно значење заради што на него се очекува македонските олимпијци во Биатлон кои се припадници на АРМ, да го потврдат резултатот со кој ја исполнаа олимписката норма. Утре, на програмата е натпреварот во патролно трчање на 15 km, а во недела со почеток во 10.00 часот започнуваат натпреварите во Биатлон на 10 km на патеката кај месноста Кипрово. Прогласувањето на победниците на годенешниот куп во Биатлон, како и свеченото затварање, се предвидени во недела 14.00 часот на местото каде што се одржува купот. Оваа спортска манифестација покрај афирмацијата на Биатлонот како војничка дисциплина која е прифатена и во АРМ, за цел има да го популаризира овој спорт кај младите во Република Македонија, а покрај развивањето на натпреварувачкиот и спортскиот дух кај припадниците на АРМ, тој има исклучително важна улога во јакнењето на борбената готовност на Армијата. Се покануваат медиумите да го проследат и да информираат за настанот. Воедно, ги покануваме на дружење сите љубители на зимските спортови и спортските работници, со топол чај да ги проследат натпреварите. |