СПИСАНИЕ


 



 


С О О П Ш Т Е Н И Е

12:11 - чет., 04.02.2010

 

Утре, (05.02.2010 година) во касарната ,,Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево со почеток во 11.00 часот, командата на 2. механизирана пешадиска бригада (мпбр) ќе организира свечено испраќање на учесникот на претстојните Зимските олимписки игри кои ќе се одржат во Ванкувер, Канада. На свеченоста покрај професионалниот војник Дарко Дамјановски кој на Зимските олимписки игри во Канада ќе се натпреварува во нордиско скијање, ќе присуствува и неговиот колега професионалниот војник Ѓорѓи Ицоски од 2.мпбр, кој ја исполни олимписката норма но нема да учествува на претсојната зимска олимпијада. Во чест на олимпијците, утре свечено ќе се постројат единиците кои се сместени во гарнизонот Кичево, а покрај командантот на 2.мпбр полковникот Методија Величковски на свеченоста ќе присуствува и тренерот на македонската репрезентација во нордиско скијање Ѓоко Динески. Церемонијата за испраќање ќе се одвива пред воените знамиња на сите единици од составот на 2.мпбр со што на олимпијците од составот на АРМ ќе им се посака среќен пат за Ванкувер и постигнување на успешни резултати.

По свеченоста олимпијците на АРМ ќе бидат примени од градоначалникот на Кичево, г-дин Благоја Деспотоски.

Се покануваат новинари, сниматели и фоторепортери да го проследат и да известуваат за настанот.