Од вчера, 28 јануари, 2010 година, во дводневна работна посета на Република Македонија и АРМ претстојува делегација од Европската Команда на САД (EUCOM), предводена од бригадениот-генерал Џо Рамирез, кој ја извршува должноста на Заменик началник на секторот за планирање (Ј-5) во Европската Команда на САД. Денес, во рамки на посетата, делегацијата ги посети единиците кои се од составот на Здружена Оперативна Команда на АРМ: баталјонот на воената полиција и воздухопловниот ВИНГ, како и полкот за специјални операции, во касарната Илинден во Скопје, каде присуствуваа на демонстрација на една методско-показна вежба со содржини од обуката на оваа единица. За време на средбите, гостите беа запознаени со мисиите, задачите, опремата и идните планови на единиците, при што беа разменети искуства во делот на обуката и планирањето. За време на престојот во Република Македонија, делегацијата од EUCOM имаше можност да посети и дел од културно-историското наследство на Република Македонија. |