СПИСАНИЕ


 



 


Регионален семинар на тема „Правни аспекти на борбата против тероризмот“

14:36 - пон., 18.01.2010

 

Како резултат на соработката помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Одбранбениот институт за меѓународни правни студии од Њу Порт, САД, во периодот 17-22 јануари 2010 година во Охрид ќе се одржи регионален семинар на тема „ Правни аспекти на борбата против тероризмот “.

Семинарот има за цел да им помогне на земјите од Регионот да развијат партнерство кое ќе се вклопи во севкупните напори во борбата против тероризмот како и да ја зајакнат глобалната мрежа на експерти во тој контекст.

За време на семинарот ќе бидат обработени повеќе теми:

  • Тековната ситуација во Авганистан,
  • Мисија, сила, командување и контрола-правни прашања,
  • Ресурси за ИСАФ воените сили во Авганистан,
  • Закони со кои се регулира вооружениот конфликт и сл.

На Семинарот учество ќе земат претставници од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија како и 24 претставници од Словенија, Црна Гора, Србија, Турција, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Полска и Романија.