konkurs-prv-ciklus-2010.jpg

 



Прес-конференција на министерот Коњановски за проектот „АРМ мој вистински дом“

10:07 - пон., 22.02.2010

 

Во првата фаза од проектот „АРМ мој вистински дом“ има интерес за изградба на 4.300 станови со вкупна површина од 252.670 метри квадратни, покажува спроведената анкета меѓу припадниците на Армијата на Република Македонија.

Министерот за одбрана Зоран Коњановски на денешното промовирање на резултатите од првата фаза на проектот истакна дека Владата им овозможува на припадниците на АРМ да имаат свој стан под исклучително поволни услови со ниска цена, можност за плаќање во наредните 10 годни и само 30 отсто учество без обврска од камата.

- Со проектот „АРМ мој вистински дом“ се врши намалување на трошоците на Министерството за одбрана за плаќање станарина и превоз, а придобивка ќе имаат припадниците на АРМ и МО, рече Коњановски на прес-конференција на Владата.

Според него, проектот ќе биде реализиран без дополнителни фискални импликации од буџетот на МО и Владата, а придобивки ќе имаат и градежната оператива, банките и локалните самоуправи.

Коњановски информира дека становите ќе почнат да се градат во октомври или најдоцна во ноември, и се со различна големина од околу 35, 55 и 70 метри квадратни, а со самото анкетирање припадниците на Армијата одговриле колкав стан сакаат да купат.

Прашан за цената, министерот изрази очекување дека ќе бидат многу поевтини од комерцијалните.

- Со оглед дека ќе се градат на териториите на поранешните касарни, во некои општини на државно земјиште, а со учестото во проектот и на градоначалниците ќе бидат ослободени од комунални давачки за градба, очекуваме цената да биде многу пониска од комерцијалните станови, рече Коњановски.

Почетниот интерес, спроед него, пратставува доказ за оправданоста на проектот и мотив за поангажиран пристап кон него. По донесувањето на Законт за служба во АРМ, најави дека ќе почне изработката на правилник за добивање на стан и програма врз основа на која ќе се изработува проектната документација.

Во првата фаза во соработка со локалните самоуправи се одредени локациите и е спроведена анкета со сите припадници на АРМ. Во општина Тетово ќе се гради во поранешната касарна, а почетнот интерес е за изградба на 146 стана со вкупна станбена површина од 8.905 метри квадратни. Во Кичево ќе се градат на локација која е дел од касарната, а има барање за 94 стана со површина од 5.500 метри квадратни. Во Куманово во централното градско подрачје треба да се гради 281 стан со површина од 16.855 метри квадратни, а во Штип во населбата Баба 279 стана со површина од 16.340 метри квадратн. Во Скопје во касарната Илинден треба да има 3.284 стана со 192.990 метри квадратни, а во Велес во рами на касарната 126 стана со 6.900 метри квадратни

Галерија