konkurs-prv-ciklus-2010.jpg

 



Министерот за одбрана, г-дин Зоран Коњановски, упати писмо до припадниците на АРМ од мировната мисија ИСАФ во Авганистан, кои се вратија во Република Македонија

12:23 - чет., 11.02.2010

 

Почитувани мировници,

Со огромна почит и задоволство, од истото место од каде што Ве испративме пред седум месеци, сакам да Ви посакам добредојде и да Ви честитам за вашата успешна мисија во Авганистан.

Во оваа мисија Вие гордо ја покажавте вашата професионалност и подготвеност но и вашата хуманост и солидарност.

Од далечниот Авганистан, како големи чувари на светскиот мир, достојно ја упативте македонската мировна порака.

Во оваа мисија секој од Вас на дело го покажа вековниот македонски континуитет на посветеност и патриотизам, на достоинство и хуманост, на идеи и пожртвуваност.

Во сето ова јасно се уверив и при мојата последна посета во Авганистан во Oктомври, кога сите заедно го прославувавме Денот на македонската револуционерна борба.

Како министер за одбрана бев среќен што бев со Вас, но истовремено бев и посебно горд од пофалните зборови кои за Вас ги слушнав од командантот Мек Кристл како и од нашите пријатели од НАТО Алијансата.

И затоа, во Авганистан Ви кажав: Вие сте херои на вашата професија!

Вие сте достојни следбеници на сите македонски мировни генерации на АРМ.

Вие сте пример за сите наредни македонски мировници.

Со сето ова, Вие не задолжувате и понатаму посветено да работиме во интерес на припадниците на АРМ и да продолжиме да Ви овозможуваме да ја покажете вашата подготвеност на дело.

На крај, уште еднаш Ви честитам за успешната мисија, Вам и секако на Вашите семејства, со уверување дека секогаш ќе можете да сметате на нашата поддршка.

Дозволете уште еднаш да Ви се заблагодарам што направивте да се чувствувам горд.

Галерија