СПИСАНИЕ


 



 


С О О П Ш Т Е Н И Е

16:35 - пет., 05.02.2010

 

Денес, (05.02.2010 година) Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски се сретна со професионалните војници Дарко Дамјановски и Ѓорѓи Ицоски од составот на 2. механизирана пешадиска бригада (мпбр) на АРМ кои ги постигнаа олимписките норми во нордиско скијање. Како што е познато, во Ванкувер, Канада на претстојните Зимски олимписки игри во понеделник ќе патува само Дамјановски, додека Ицоски го достигна потребното време за олимписка норма, со што ја потврди неговата врвна форма. На приемот кај НГШ на АРМ покрај олимпијците од 2.мпбр присуствуваше и командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал-мајор Зоран Димов, командантот на 2.мпбр полковник Методија Величковски и тренерот на македонската репрезентација во нордиско скијање Ѓоко Динески.

Генералот Стојановски на Дамјановски му посака многу среќа и успех во Ванкувер и истакна дека учеството на припадник на АРМ на олимписките игри, за Армијата претставува историски настан и како таков за сите припадници на АРМ ќе биде силен мотив за постигнување на врвни резултати во спортот во рамките на АРМ. Тој истакна дека Дамјановски во Канада не само што ќе ја претставува Република Македонија, туку и како припадник на АРМ ќе го сподели олимпискиот дух со спортистите од целиот свет.

Инаку, претпладнето во гарнизонот Кичево во чест на олимпијците, се одржа свеченост за испраќање на Дарко Дамјановски, каде пред свечениот строј на единиците кои се сместени во овој гарнизон и воените знамиња на 2.мпбр командантот на бригадата, полковникот Методија Величковски во името на припадниците на единицата на Дамјановски му посака среќа и поволен пласман на олимпијадата во Ванкувер. Покрај свеченоста во кичевската касарна, олимпијците од АРМ беа примени и од градоначалникот на општина Кичево г-дин Благоја Деспотоски

Галерија