konkurs-prv-ciklus-2010.jpg

 



Министерот за одбрана, г-дин Зоран Коњановски оствари средба со новиот амбасадор на Република Франција во Република Македонија, Н.Е Жан –Клод Шлумбергер

14:12 - пет., 12.03.2010

 

Денес министерот за одбрана на Република Македонија, г-дин Зоран Коњановски оствари средба со новиот Амбасадор на Република Франција во Република Македонија, Н. Е Жан-Клод Шлумбергер.

На првата средба на министерот Коњановски со новиот француски Амбасадор беше потврдено взаемното задоволство поради исклучително успешната и богата билатерална соработка помеѓу двете земји во областа на одбраната и беше истакната благодарноста за постојаната поддршка во областа на одбранбената соработка што Република Македонија ја добива од Република Франција.

Во рамките на средбата од страна на Министерот Коњановски беше презентиран фактот за продолжувањето на реформите во МО и АРМ, зголемувањето на учеството на АРМ во мисии во странство, останување на определбата за ЕУ и НАТО интеграции, како и ангажманот во регионот и нашиот придонес за негова стабилност.

Во тој контекст од страна на Амбасадорот Шлумбергер беше искажано признанието за горенаведените заложби и воедно беше истакнато дека местото на Република Македонија е во ЕУ и НАТО.

Галерија