konkurs-prv-ciklus-2010.jpg

 



Министерот Коњановски му ја предаде на претседателот Иванов „Стратегијата за одбрана на Република Македонија“

16:56 - вт., 23.02.2010

 

Министерот за одбрана Зоран Коњановски денеска на претседателот и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов му ја предаде втората по ред „Стратегија за одбрана на Република Македонија“.

Според министерот Коњановски, Стратегијата е исклучително значаен документ кој треба да се обновува секои пет години, а со доаѓањето на нов претседател и врховен командант да има нејзино дополнување.

- Темел врз основа на кој е изработена Стратегијата пред се е Уставот на Република Македонија и улогата на Министерството за одбрана и АРМ во однос на бранењето на територијалниот суверенитет и интегритет на земјата, членот 5 од Вашингтонскиот договор, но и мисиите надвор од Македонија, изјави Коњановски.

Тој информира дека во изработката на Стратегијата во текот на 2008 и 2009 година биле вклучени стручни лица од МО, ГШ на АРМ, професори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ заедно со други институции и во соработка со НАТО-советодавниот тим во државава и претставници од Американската „Буз Ален Хамилтон“.

Клучен документ кој се однесува на стратешките планирања, потенцира министерот за одбрана Коњановски, е и долгорочниот план за развој на одбраната кој се очекува да биде донесен во наредните три месеци.

Галерија