konkurs-prv-ciklus-2010.jpg

 



Министерот Коњановски: Државата ќе помогне во ублажување на последиците од поплавите

16:26 - пет., 26.02.2010

 

Владата размислува за можноста да им помогне на граѓаните кои претпеа штети во поплавените подрачја, изјави министерот за одбрана Зоран Коњаноски при денешната посета на едно од загрозените подрачја во Гостиварско.

Тој најави формирање комисии кои ќе излезат на терен и ќе подготват извештаи што ќе бидат разгледани на седница на Влада.

- Иако сме немоќни да се справивме со природата, подготвени сме да се солидаризираме со граѓаните и да помогнеме во ублажување и отстарнување на последиците, изјави Коњаноски по посетата на селото Форино, Гостиварско.

Министерот Коњаноски, во придружба на Неџати Јакупи, министер за животна средина, директорот на Дирекцијата за заштиата и спасување Шабан Салиу и неколку пратеници, ги посетија местата во Полошко кои беа загрозени од излевање на Вардар.

Според првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, превентивните мерки спречиле поголеми штети, а во наредниов период не се очекува опасност од поплави.

- Моментната состојба со водостоите на реките е стабилна. Располагаме со доволно механизација која може да интревенира доколку се јави потреба. На теренот, таму каде што има потенцијална опасност дежураат наши тимови, изјави Салиу и нагласи дека извештаите од критичните места, како Пласница и патот кај Луково се поволни и таму сосотјбата се нормализра.

Делегацијата, посетата ја продолжи кон тетовскиот регион во селото Теново.

Галерија