konkurs-prv-ciklus-2010.jpg

 



С О О П Ш Т Е Н И Е

11:57 - сре., 27.01.2010

 

Денес во Центарот за обука (ЦО) ,,Пепелиште” се одржа Иницијална планирачка конференција за мултинационалната вежба “Балканска Ѕвезда 2010” што ќе се одржи на Армискиот полигон (АП) ,,Криволак” од 14. до 20.10.2010 година. Покрај учеството на единици од АРМ како домаќин, на вежбата е планирано да учествуваат единици со јачина од еден вод од армиите на: Турција, Грција, Србија и Босна и Херцеговина.

Директор на вежбата “Балканска Ѕвезда 2010” ќе биде полковник Благоја Илиев, заменик на командантот на 2. механизирана пешадиска бригада, која е воедно и носител на активностите поврзани со оваа вежба. Покрај персоналот од бригадата на конференција учествуваа и претставници од Министреството за Одбрана на РМ, Генералштабот на АРМ, Здружената оперативната команда, Командата за Обука, како и претставници од армиите учеснички на вежбата.

На конференцијата беа дефинирани административниот дел на вежбата, безбедносните процедури, командувањето и контролата, како и сценариото на вежбата. Посебен акцент во работата на конференцијата беше даден на работата по синдикати и извидување на АП ,,Криволак”, при што беа согледани сместувачките капацитети и полигоните за изведување на содржините предвидени со планот за вежбата.

Галерија