konkurs-prv-ciklus-2010.jpg

 



Годишно реферирање за борбената готовност на АРМ до Врховниот командант на АРМ

13:11 - пон., 08.02.2010

Утре, 9-ти февруари со почеток во 11.00 часот, во салата за состаноци на МО и ГШ на АРМ, ќе се одржи брифинг за борбената готовност на АРМ за 2009 година. Брифингот за борбената ботовност е редовна обврска на ГШ на АРМ, кога на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на АРМ му се реферира за борбената готовност на Армијата во изминатата година. Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Армијата г-динот Ѓорге Иванов, на утрешниот брифинг ќе биде информиран за реализацијата на плановите и задачите во 2009 година, согласно функционалните области на АРМ, а кои се однесуваат на: персоналниот менаџмент, заштита на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, врските и комуникациите и буџетирањето. На брифингот за борбената готовност покрај Претседателот на Република Македонија ќе присуствуваат: Министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, Командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал-мајор Зоран Димов и дел од клучниот персонал на ГШ на АРМ.

Се покануваат сниматели и фоторепортери да присуствуваат и да известуваат за настанот.