Денес, на вториот ден од посетата на АРМ, командантот на НГ на Вермонт генерал-мајор Мајкл Дуби ги посети припадниците на АРМ кои се од составот на контингентот предвиден за заедничко распоредување со НГ на Вермонт во мисијата ИСАФ во Авганистан. За време на престојот во касарната ,,Илинден“ во Скопје на делегацијата од Вермонт, домаќин & беше командантот на Здружената оперативна команда на АРМ, генерал-мајор Зоран Димов. Пред гостите од Вермонт, припадниците на ренџерскиот баталјон и баталјонот на Воена полиција, изведоа показна вежба со содржини од обуката која тие ја изведуваа во рамките на подготовките пред упатување во мисија. Генералот Дуби не го криеше задоволството од степенот на обученоста кој припадниците на АРМ го демонстрираа на вежбата, а во знак на долгогодишното партнерство на командантите на двете единици им врачи плакети од НГ на Вермонт. По вежбата, во војничкиот ресторан во касарната ,,Илинден“ генералите Дуби и Димов, заедно ручаа со војниците од двата баталјони, на кој присуствуше и Амбасадорот на САД во Република Македонија Н.Е. Филип Рикер. Инаку, вчера во рамките на посетата, по разговорите во МО и ГШ на АРМ, генералот Дуби беше примен од Претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов, а се сретна и со Директорот на Центарот за управување со кризи г-дин Панде Лазаровски. |