Вчера, 27 јануари, 2010 година, во посета на Армијата на Република Македонија претстојуваше Командантот на 21-та Команда за поддршка на Армијата на САД, генерал-мајор Патриција Меквистион. Во Координативниот центар за поддршка на земјата домаќин во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, генерал-мајор Патрициа Меквистион оствари работна средба со Началникот на Г-4 во ГШ на АРМ, полковник Киро Ристовски и Командантот на Командата за логистичка поддршка, полковник Благојчо Пејчинов. Пред генералот Патриција, беа презентирани достигнувањата и трансформацијата на АРМ во доменот на Логистиката. Посетата на Командантот на 21-та Команда за поддршка на вооружените сили на САД, претставуваше одлична можност да се прошири соработката во делот на логистиката и да се разменат искуствата помеѓу двете армии, од овој исклучително важен сегмент. |