По повод Новогодишните и Божиќните празници, како и упатувањето на новиот контингент на АРМ во мисијата ИСАФ во Авганистан, денес припадниците на 2. механизирана пешадиска бригада на АРМ донираа средства во специјалната болница во Демир Капија и Заводот за деца со оштетен слух ,,Кочо Рацин“ во Битола. За ,,Леопардите“ на АРМ денешниот ден е од посебно значење, заради фактот што во специјалната болница во Демир Капија донираа околу 100 комплети обувки и облека, а во Заводот за деца со оштетен слух во Битола комплети од обувки, облека и средства за културно-забавен живот за сите ученици кои ја посетуваат оваа институција. На овој начин припадниците на АРМ уште еднаш ја покажаа нивната хуманост, но и успешната соработка со цивилните структури во Република Македонија. |