Почитувани, Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Коњановски, по повод големиот Христијански празник – Христово раѓање Божик, на поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски, господин господин Стефан, на припадниците на АРМ од православна вероисповед како и на верниците од православна вероисповед им го честиташе Христовото раѓање Божиќ. Во честитката до поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски, господин господин Стефан, се вели: „ Со особена чест, радост и задоволство додека ја славиме славата на Бога во висините и мирот на земјата, сакам од мое лично име и од име на Министерството за одбрана да Ви го честитам големиот христијански празник, Христово раѓање – Божик, Вам, на Вашето ценето свештенослужителство и монаштвото како и на сите верници од православна вероисповед во Република Македонија. Во моменти кога со неизмерна радост ја славиме љубовта кон Бога и љубовта кон ближните, вредноста на човечкиот живот и мирот меѓу сите, Ви посакувам многу здравје, љубов, личен успех, среќа и спокојство. На овој величествен ден сите ние го прославуваме најголемиот настан во историјата на човечкиот род, раѓањето на Божјиот син, Господ Исус Христос. И токму затоа се радуваме. И токму затоа, си споменуваме за потребата од меѓусебна солидарност и помагање, за толеранцијата и разбирањето. Со силна верба дека Македонската Православна Црква ќе продолжи и во иднина да биде носител на мисијата за мир, разбирање, толеранција и солидарност како и зачувување на историските традиции и особености на македонскиот народ, Ви го честитам Раѓањето Христово. Христос се роди! ” Во честитката упатена од министерот Коњановски до припадниците на АРМ од православна вероисповед, се вели: “ Денешното славење на Христовото раѓање значи славење и на мирот меѓу сите. Денес, ние се радуваме на човечката вредност за ширење мир и помирување. Покажувајќи ја Вашата солидарност и мирољубивост на дело, Вие ја покажувате вашата искрена верба во Бога, и вашата преданост за човечкото достоинство и слобода, за мир и разбирање .... Нека овој ден кај сите Вас побуди, надеж, мир, меѓусебна доверба и живот исполнет со молитва, радост и семејна среќа ” |