konkurs-prv-ciklus-2010.jpg

 



С О О П Ш Т Е Н И Е

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Почитувани студенти,

Со цел приближување на активностите и концептот на работа на државната администрација кон младите, а воедно и укажување на можност за стекнување на работно искуство со кое би можеле да конкурирате на пазарот на трудот, Ве информираме дека Министерството за одбрана на Република Македонија овозможува волонтирање за заинтересирани студенти, во периодот 13.07 – 21.09.2009 година.

Можност да волонтираат имаат студентите од: правни студии, економски студии, политички студии, одбранбени и мировни студии, студии по информатика, новинарство и англиски јазик.

Согласно Законот за волонтерство (“Сл. весник на РМ” бр.85/07 и 161/08), на ангажираните волонтери ќе им биде исплатен надоместок за трошоци за храна и превоз, а по завршување на волонтирањето Министерството за одбрана не презема обврска за вработување на волонтерите.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават писмо за интерес, кратка биографија и копија од индекс, до Министерството за одбрана на Република Македонија, на следниве адреси:

- по пошта на ул: Орце Николов бб, Скопје
- и по електронски пат на адреса volontiranje@morm.gov.mk

Доставените материјали со внимание ќе бидат разгледани, а кандидатите ќе бидат известени за изборот најдоцна во рок од седум дена.

Рокот за пријавување е до 08.07.2009 година.

Со почит,

Министерство за одбрана на Република Македонија