konkurs-prv-ciklus-2010.jpg

 



О Г Л А С БР. 1/ 2010 ЗА ДАВАЊЕ НЕДВИЖНИ СТВАРИ ВО ЗАКУП СО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Врз основа на член 4, став 1 и 2 и Член 48, став 1 и 4, член 49, 50 и 51 од Законот за користење  и располагање  со стварите на државните  органи („Службен весник на РМ“, бр.8/2005) и Решениjaта за давање во закуп на недвижни ствари: бр.02-3355/1 од 09.06.2009 година и 02-108/6 од 12.05.2009 година, донесени од министерот за одбрана, Министерството за одбрана, објавува 
 
О Г Л А С БР. 1/ 2010
ЗА  ДАВАЊЕ НЕДВИЖНИ СТВАРИ ВО ЗАКУП СО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ  
 
      1. Предмет на огласот е Повторно давање во закуп на недвижни ствари , сопственост на Република Македонија, корисник Министерство за одбрана и тоа: 
      А.Недвижни ствари, кантини/бифе: 
Ред.
бр.
Локација на недвижната ствар Објект
Бр.
Катастарски податоци Површина во м2  
Почетна цена за м2 во Евра
 без ДДВ
1. Касарна ,,Боро Менков-Куманово
( бифе )
109  КП бр.16360 КО Куманово 161,00 1,68
2. АП Криволак 0 Неготино
( кантина  )
45 КП 330 КО Црвени Брегови 2 Неготино 39,00 0,96
3. Касарна Чојлија  Петровец
( кантина  )
6 КП  288 КО Чојлија 146,00 0,672

 

      Б. Недвижни ствари-објект: 
Ред.
бр.
Локација на недвижната ствар Објект
Бр.
Катастарски податоци Површина во м2  
Почетна цена за м2 во Евра
без ДДВ
1. Касарна Гоце Делчев – Скопје
( магацин  )
 
23
КП 1768/1
КО  Кисела Вода 2 – Скопје
 
1095 м2
 
0,696

 
 
 
 

      2. Недвижните ствари од точката А се издаваат во закуп на правни лица на определено време, одделно на 5 ( пет ) години , исклучиво за вршење на дејност – кантински услуги.
      3 Недвижната ствар од точката Б се издава во закуп  на правно лице на определено време од 5 ( пет ) години.
      4. Висината на закупнините за предметните-недвижни ствари е дадена во погоре приложените табели.
      5. Закупнината се плаќа одднапред, најдоцна до петтиот ден во месецот за тековниот месец, изразена во евра, a во денарска противвредност по средниот курс на Народна банка на Република Македонија, на денот на плаќањето.
     6. Со најповолниот наддавач, Министерството за одбрана ќе склучи договор за закуп.                                                                 
     7. Закупецот е должен да почне да ја плаќа закупнината од моментот на превземањето на недвижната ствар, согласно склучениот договор.
      8. Критериум за избор на најповолен наддавач е највисоката понудена закупнина.
      9. Другите услови за користење на недвижната ствар ќе бидат регулирани со договорот за закуп.
      10. Недвижната ствар се издава на користење, во видена состојба.
      11. Увид во состојбата на недвижна ствар, заинтересираните може да извршат во следните термини :
Ред.
бр.
Локација на недвижната ствар Дата на увид Време  на увид
1. Касарна Гоце Делчев – Скопје ( магацин ) 15.02.2010 12.00 -14.00 час.
2. АП Криволак- Неготино ( кантина ) 16.02.2010 12.00 -14.00 час.
3. Касарна Чојлија  Петровец (  кантина ) 17.02.2010 12.00 -14.00 час.
4. Касарна ,,Боро Менков-Куманово ( бифе ) 18.02.2010 12.00 -14.00 час.

 

      12. Јавното наддавање ќе се одржи во просториите на Министерството за одбрана , Дом на АРМ, сала бр.3, на ден 26.02.2010 година ( петок )  и тоа :

      

Ред.
бр.
Локација на недвижната ствар Време   на почеток  на јавното наддавање
1. Касарна Гоце Делчев – Скопје ( магацин ) 09.00 час.
2. АП Криволак- Неготино ( кантина ) 10.30 час.
3. Касарна Чојлија  Петровец (  кантина ) 12.00 час.
4. Касарна ,,Боро Менков-Куманово ( бифе ) 13.30 час.

 
 
 
 
 
 
 
 
 

      13. Заинтересираните правни лица треба да достават доказ за уплатен паричен депозит за учество на јавното наддавање во висина од 20 % од почетната цена од износот за едногодишната закупнина, за недвижната ствар за која ќе наддаваат.
      14. Паричниот депозит се уплаќа на трезорска сметка 100000000063095 – депонент Народна банка на Р. Македонија потсметка на Министерство за одбрана број 050010011663115, даночен број 4030990271748, приходна шифра 723911, програма 50 најдоцна до 23.02.2010 год. ( вторник ) .
      15. Заинтересираните правни лица на денот на јавното наддавање треба да ги достават следните  документи:
            - извод од Централен  регистер за регистрирана дејност;
            - документ за економско-финансиски позитивен бонитет;
          - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
          - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација;
      - уверение дека со правосилна  пресуда не му е изречена  санкција-забрана 
        за вршење на дејноста и
          - потврда за платени придонеси и други јавни давачки од надлежен орган.
      Горе  наведените документи да не се постари од 6 ( шест ) месеци. 
      16. На јавното наддавање не може да учествуват правни лица кои не ги исполнуваат условите од огласот.
      17. На денот на јавното наддавање учесниците заинтересирани за  одредена  недвижна ствар МОРА да бидат присутни во наведениот термин за почеток на наддавањето согласно Точка 12 ( табела со почетни термини ), и истовремено треба да презентираат документ за идентитет како и заверено полномошно заради земање учество во наддавањето.
      18. Уплатениот паричен депозит за учество на јавното наддавање на најповолниот наддавач му се засметува во постигнатата цена за закупнина.
      19. Паричниот депозит на наддавачите кои немаат статус на најповолен наддавач се враќа, најдоцна во рок од 3 ( три ) работни дена од денот на јавното наддавање.
      20. Лицитирањето ќе се врши во денари.
      21.Договарање од страна на наддавачите во просторијата за време на наддавањето нема да биде дозволено и комисијата го задржува правото во таков случај правните лицата да ги исклучи од јавното наддавање и да ги отстрани од просторијата – местото каде што ќе се врши јавното наддавање.
      22. Недвижните ствари се издаваат по системот на целосно превземање - видено-издадено.
      23. Доколку најповолниот наддавач не ги исполни назначените обврски и не се јави да склучи договор за закуп во рок од 8 (осум) дена од денот на јавното наддавање, ќе се смета дека се откажал, а депонираните средства за учество на јавното наддавање нема да му се вратат.
      Во  ваков случај следно рангираниот  наддавач што ги исполнил условите и ја наддал почетната цена на јавното наддавање, стекнува статус на најповолен наддавач и може да пристапи кон склучување на договор.
      24. Договорот за давање во закуп на недвижна ствар со клаузула на извршност се заверува кај нотар на трошок на закупецот.
      25. На постигнатата излицитирана закупнина се плаќа ДДВ. 
   За  подетални информации можете да се обратите  во Министерството за одбрана  на телефон 02/328 21 31.