Декларираниот среден пешадиски баталјон (спбн.) е учесник на воената вежба „Македонски Блесок 05” со кој командува мајор Стојанче Тодорв.
Средниот пешадиски баталјон од првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр.) располага со респектабилно искуство, имајќи во предвид дека во досегашниот период три пешадиски чети од составот на спбн успешно ја завршија мировната мисија во „ИСАФ“ во Авганистан. Декларираниот среден пешадиски баталјон на вежбата „Македонски Блесок 05“ ќе биде оценуван од страна на тим за Оценување од АРМ - НИВО 2 - CREVAL, што претставува посебен императив за презентирање на подготвеноста за изведување на практични форми на обука според стандардите на НАТО.
Самоценувањето НИВО 2 - CREVAL има големо значење за АРМ и Република Македонија, бидејќи за прв пат во историјата на АРМ се врши оценување од таков вид на единица на ниво на баталјон.
Од таа причина, оваа единица имаше интензивни подготовки во насока на исполнување на задачите од вежбата.
Согласно планот за обука, интензивните подготовки на средниот пешадиски баталјон започнаа во текот на третото тромесечие во 2009 година, и истите се реализираа на полигоните за обука во касарната "Јане Сандански"-Штип, Пенуш и на АП „Криволак”.
Целта на овие активности беше да се изврши обука "чекор по чекор" во различни ситуации на ниво чета- вод-тим и да се извежбаат сите "чекори" при реализација на темите од Операциите за Подршка на Мирот (PSO), согласно СОП (Стандардни Оперативни Процедури).
Во текот на овие подготовки, персоналот од командата на спбн се извежбуваше во формирање на тактички оперативен центар и командување и контрола врз потчинетите единици.
Единиците ги реализираа следните поврзани вежбовни активности:
патролирање,
ескортирање,
воспоставување на MCP (мобилна контролна точка),
обезбедување на база,
изведување на офанзивни б/д,
Медевак процедури, сили за брза реакција- QRF,
справување со толпа демонстранти,
движење по непознат терен, кордонирање и пребарување.
За време на вежбите "Македонски Блесок 03 и 04", декларираниот среден пешадиски баталјон успешно го заврши самооценувањето НИВО-1 и НАТО оценувањето НИВО-1, при што демонстрира висок степен на интероперативност и извежбаност во извршувањето на мировните операции за поддршка на мирот и ја покажаа својата подготвеност за учество во мировни операции, што секако ќе биде и мотив повеќе за новиот предизвик- Самоценувањето НИВО 2 - CREVAL.