Денес, 22 октомври, во претпладневните часови, заврши самооценувањето НИВО 2 – CREVAL на декларираната чета на воена полиција (чВП) од баталјонот на воена полиција на АРМ. Самооценувањето НИВО 2 – CREVAL, се изврши во пет области и тоа: планови и подготовки, операции, логистика, врски и административна област, од што ќе биде изведена и заклучена оценката на оваа единица. Процесот на оценување, според OCC концептот, започна во касарната „Илинден“ во Скопје, при што се изврши контрола на документи и планови, опрема и ресурси, магацини и складови, со што заврши првата фаза од оценувањето на четата на воена полиција. Втората фаза на оценувањето се реализира на армискиот полигон „Криволак“ со демонстрирање на дадени настани и инциденти кои ги содржеа следните постапки: подготовка и маршеви, поседнување на тактички очекувачки реон, борбено обезбедување, офанзивни операции (операции за наметнување на мирот и борба против диверзантско-терористички групи (ДТГ), воспоставување и одржување на врски и командување и контрола. Пред оценувачкиот тим и тимот на набљудувачи од земјите членки на НАТО и Партнерството за Мир (ПзМ), за време на Самооценувањето НИВО 2 – CREVAL, декларираната чВП презентира високо ниво на борбена подготвеност со што ја потврди својата интероперативност, компатибилност и оперативна способност со единиците од составот на армиите на земјите членки на НАТО алијансата. Заврши и проектот на цивилно-воената соработка при што беше уреден и тампониран пат во селото Криволак. |