konkurs-prv-ciklus-2010.jpg

 


Галерија



























 

С О О П Ш Т Е Н И Е

15:12 - вт., 20.10.2009

 

Денес, 20 октомври, 2009 година, во рамки на вежбата „Македонски Блесок 05“, на армискиот полигон „Криволак“, согласно OCC концептот за оценување, започна втората фаза од самооценувањето НИВО 2 – CREVAL на декларираната чета на воена полиција (чВП).

Врз основа на предходно изготвено сценарио и изработена листа за проверки и инциденти, самооценувањето НИВО 2 - CREVAL на четата од баталјонот на воена полиција се одвива во две фази. Првата фаза од оценувањето, заврши со оценување на единицата во касарната „Илинден“ во Скопје, а втората фаза се состои од оценување на единицата на терен кое ќе биде извршено во текот на наредниот период на армискиот полигон „Криволак“.

Во текот на денот, декларираната чета на воена полиција се оценуваше за 6 настани: блокада на пат, преговори, постапки при напад на база со артилерија, мобилна контролна точка, VIP-ескорт и мобилна патрола, како и повеќе инциденти кои се составен дел од сценариото на вежбата.

Целта на оценувањето е да се провери, оцени и верифицира обученоста, оперативната способност и борбената подготвеност на единицата за учество во мисии предводени од НАТО, ЕУ и ОН.

За време на разрешувањето на дадените настани, припадниците на оваа единица ги применија стандардните оперативни процедури на НАТО пропишани за вакви ситуации, при што будно беа следени од страна на Тимот за самооценување НИВО 2 - CREVAL, составен од деветнаесет обучени и оспособени старешини од единиците на АРМ.

Денес, успешно заврши првиот проект во делот на цивилно-воената соработка (CIMIC) со еколошко уредување, расчистување и тампонирање на пат во должина од 550 метри во селото Пепелиште.

2009-10-24 00:28