konkurs-prv-ciklus-2010.jpg

 


Галерија



















 

С О О П Ш Т Е Н И Е

20:14 - сре., 21.10.2009

 

Во рамките на вежбата „Македонски Блесок 05“, согласно планот за работа на раководството на вежбата, на армискиот полигон “Криволак“, продолжи самооценувањето НИВО 2 – CREVAL на декларираната чета на воена полиција (чВП).

Самооценувањето го вршеше тим за оценување, од составот на единиците на АРМ, според OCC концептот, а беше следено од страна на набљудувачки тим со претставници на НАТО, од Командата на копнените сили во Мадрид.

Декларираната чета на воена полиција на АРМ, беше оценета на повеќе сектори за обука на армискиот полигон „Криволак“, при што практично беа реализирани дваесет и еден инцидент, како дел од четирите настани: справување со толпа, постапки при расфрлување на непријателски летоци, кордон и пребарување и постапки при непријателски напад.

При оценувањето на декларираните единици, самооценување НИВО 2 – CREVAL (Combat readiness evaluation) секоја единица мора да демонстрира борбена подготвеност. Персоналот, вооружувањето, моторните возила, опремата, документацијата како и сите останати ресурси со кои располага единицата мора да бидат достапни за контрола.

Денес, од областа на цивилно-воената соработка (CIMIC), се започна со расчистување, уредување и тампонирање на пат во должина од 350 метри во селото Криволак.

2009-10-24 00:59