
Декларираната чета на Воена Полиција (чВП.) од баталјонот на Воена Полиција е вториот учесник кој ќе биде оценуван од страна на тимот за оценување- НИВО 2 - CREVAL на вежбата „Македонски Блесок 05”.
Со декларираната чета на Воена Полиција командува капетан Кире Николовски.
За време на вежбата „Македонски Блесок 03 и 04” декларираната чета на Воена Полиција имаше самооценување НИВО 1 и НАТО оценување НИВО 1 на кои доби преодна оценка од страна на тимит на АРМ и НАТО тимот за оценувањето НИВО 1.
Декларираната чета на Воена Полиција работи под мотото „Секогаш Подготвени”. Задачите и предизвиците кои им се поставени секогаш ги извршуваат професионално и ефикасно според пропишаните стандарди. Нивната обука не е воопшто лесна и едноставна. И покрај се, тие се покажаа дека се обучени и спремни да се соочат со најкомлексни задачи и во најразлични услови.
Согласно планот за обука и подготовки за претстојното оценување НИВО 2 - CREVAL, персоналот од декларираната чета на Воена Полиција интензивно се подготвуваше за овој предизвик.
Нивната обука пред се беше насочена кон извежбување на постапките на работа на постојана и мобилна контролна точка, патролирање по клучни правци за пријателски сили, пребарување на терен, апсење на барани криминалци, ескортирање на ВИП гости, справување со насилни и ненасилни демонстранти, неутрализација на диверзантско-терористички групи (ДТГ) и изведување на здружени операции со други единици.
На вежбата „Македонски Блесок 05” вакви операции ќе бидат извежбани и прикажани на Денот на високи гости (ДВД) заедно со декларираниот среден пешадиски баталјон.