konkurs-prv-ciklus-2010.jpg

 


 


МИСИЈА И ЗАДАЧИ НА Г 8 / ГШ НА АРМ:



  • Дава насоки за планирање и буџетирање за АРМ;
  • Го подготвува предлог планот за буџетот на АРМ и го доставува до МО – СФУР;
  • Овозможува нагледување на програмите за менаџмент со ресурсите;
  • Води евиденција и контрола на реализацијата на буџетот на АРМ;
  • Врши одобрување на набавки и услуги согласно одобрениот буџет за АРМ;
  • Изработува периодични и годишни анализи и извештаи;
  • Финансира армиски договорни услуги;
  • Врши анализа на реализацијата и предлага промени на буџетот на АРМ;
  • Ги идентификува сите извори на финансиски средства;
  • Издава инструкции,развива и подготвува програми за буџетот на АРМ кон МО-СФУР;
  • Обезбедува формулирање на програми и буџет, верификација и реализација на истиот;
  • Ги следи обврските и трансферите;
  • Врши анализи на склучените договори кои се за подршка на АРМ;
  • Ги планира и извршува долгорочните финансиски планови на АРМ;
  • Врши анализа и предлага мерки за реализацијата на буџетот на АРМ;
  • Врши анализа и предлага мерки на решавање на обврските и побарувањата;
  • Врши претходна и дополнителна контрола на документацијата пред исплата;
  • Финансиска подршка на АРМ;
  • Готовински исплати од благајна;
  • Доставување на периодични и годишни анализи и извештаи до потчинетите команди и единици и за Г 1 до Г 6 на ГШ на АРМ;

 

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПЛАНИРАЊЕ И БУЏЕТ



1. Го изучува системот за планирање, програмирање и буџетирање кој се применува во земјите членки на НАТО и изработува предлог Упатства, насоки, одредби и друга регулатива за планирање на развојот и редовна дејност на АРМ.
2. Ја следи примената на актите и другата регулатива за планирање, дава појаснување и насоки за примена и предлага нивна измена и дополнување.
3. Ги извршува стручните работи во организацијата на подготовките, изработката, донесувањето и следење на остварувањето на Планот за развој и Финансискиот план на АРМ
4. Го изучува системот и изработува предлог за донесување акти за планирање средства за материјално и финансиско обезбедување.
5. Ги извршува стручните работи во организацијата на подготвките, изработката, усогласувањето и донесувањето План за материјално и финансиско обезбедување на АРМ , согласно надлежностите определени со актите за планирање
6. Врши обука и стручно оспособување и усовршување на лицата од ГШ, командите, единиците и установите на АРМ кои учествуваат во процесот на планирање на развојот на АРМ.
7. Учествува во изработката на планот и програмата на Воената Академија за стручно оспособување и усовршување на кадрите за финансиската служба.


ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИНАНСИИ И КОНТРОЛА



1. Врши претходна контрола на документацијата пред исплата и дополнителна контрола пред книжење на истата;
2. Финансиска поддршка на АРМ;
3. Готовински исплати;
4. Доставува периодични и годишни извештаи за команди и единици и организациските единици од Г1 до Г6 на ГШ на АРМ;
5. Сочинува анализи на извештаите;
6. Финансира армиски договорени активности;
7. Врши дополнителна контрола и анализа на законитоста и правилноста, од сите аспекти, на материјалните и финансиските документи,
8. Утврдува процедури за контрола на материјалните и финансиските документи,
9. Дава стручно мислење од аспект на трошоците за проекти кои бараат ангажирање на пообемни финансиски средства, пред да настанат трошоците,
10. Ги анализира годишните финансиски планови,
11. Ги анализира книговодствените податоци од главната книга
12. Предлага мерки за подобрување на економичноста и рационалноста во располагањето со средствата,
13. Го организира пописот на средствата, побарувањата и обврските и дава стручна помош во извршувањето на пописот,
14. Ги следи прописите од доменот на материјално и финансиско работење, предлага донесување на одредени прописи како и измена и дополна на постоечките.


ОСТАНАТИ АКТИВНОСТИ ВО Г 8 НА ГШ НА АРМ



Со донесување на Правилникот за планирање, програмирање, буџетирање и извршување во Министерството за одбрана од месец јули 2006 година, почна примената на истиот и во Армијата на Република Македонија.
Планирањето, програмирањето, буџетирањето и извршувањето во МО и АРМ се темелат на следните принципи:

1. Усогласеност со економскиот развој на Република Македонија;
2. Неделивост на планирањето од раководењето и командувањето;
3. Примена на општо прифатени научни сознанија;
4. Интегрално согледување на сите елементи на одбрамбените капацитети и способности (организациски, персонални, материјални, финансиски);
5. Континуитет во процесот на планирањето, кој обезбедува постоење на повеќегодишни планови и програми;
6. Реалност во планирањето, која бара планираните цели да бидат во согласност со расположивите ресурси;
7. Транспарентност, одговорност, законистост, економичност и ефикасност и други општо прифатени принципи.

Во спроведувањето на системот на планирање, програмирање, буџетирање и извршување се донесуваат следните документи:

1. Долгорочен план за време од 10 години;
2. Среднорочни планови за време од 6 години;
3. Програми за реализација на среднорочните планови;
4. Преглед на одбрамбени способности;
5. Оперативни (краткорочНи) планови;
6. Насоки за ажурирање на среднорочниот и долгорочниот план;
8. Предлог буџет на АРМ и МО;
9. Финансиски план со насоки за извршување и други документи.

Целокупниот процес на системот се разработува во следните програми:

1. Програма бр.1 – Администрација
2. Програма бр.2 – Персонал
3. Програма бр.3 – Обука и операции
4. Програма бр.4 – Опремување и модернизација
5. Програма бр.5 – Логистика
6. Програма бр.6 – Објекти и инфраструктура
7. Програма бр.7 – Комуникации и информатика
8. Програма бр.8 – Мировни и хуманитарни мисии

Во текот на изминатата година беа организирани повеќе работилници со раководниот персонал, како и во потчинетите команди и единици, кои претходеа за целосна имплементација на самиот Правилник за планирање, програмирање, буџетирање и извршување во МО.

Контакт телефони:
- Началник на Г 8 на ГШ на АРМ
потполковник Јовица Славковиќ
e-mail: jslavokivic@yahoo.com телефон 3282-392

- Началник на Одделение за планирање и буџет телефон
мајор Миле Димитриевски
e-mail: / телефон 3282-090

- Началник на Одделение за финансии и конатрола
потполковник Стојко Атанасоски
e-mail: / телефон 3282-341