konkurs-prv-ciklus-2010.jpg

 


 


Г – 1 на ГШ на АРМ ,,ПЕРСОНАЛЕН МЕНАЏМЕНТ”




МИСИЈА НА Г-1


Да менаџира со персоналот во АРМ во мир и војна, да врши анализа и примена на законските регулативи и прописите, да спроведува селекција и водење на персоналот во текот на службата, да се грижи за моралот и состојбата на персоналот во армијата.


ЗАДАЧИ НА Г – 1


Г-1 е организациска единица на Генералштабот која го реализира Персоналниот менаџмент на АРМ и ги извршува следните задачи:
1. Го планира, управува и спроведува системот за селекција, унапредување и водење на персоналот.
2. Персонален менаџмент со офицери, подофицери, професионални војници и цивилни лица во АРМ.
3. Планирање и реализација на програмите за професионален развој, воено школство, воено образование во земјата и странство.
4. Анализа и распоред на персоналот според приоритетите за пополна на единиците и нивната готовност.
5. Програмира и спроведува програми од областа на социјална заштита.
6. Врши проценка и анализа на состојбата на моралот и персоналот и презема активности за негово јакнење низ соодветни мерки и постапки.
7. Изработува и спроведува програми од областа на културните дејности и реакративните активности.
8. Го планира и реализира архивското работење во ГШ на АРМ и за таа цел ја прима, евидентира и дострибуира целокупно пристигнатата пошта -акти во ГШ на АРМ.
9. Тесно соработува со сите Г- организации за што поефикасно извршување на задачите кои се во тесна врска со Г-1.
10. Во реализацијата на своите функции во целост ги спроведува Законот за одбрана, Законот за служба во АРМ, Законот за работни односи, Законот за ПИОМ, како и останатите законски и подзаконски акти со кои е регулирана одбраната на РМ.

Формациската структура на Г – 1 на ГШ на АРМ се состои од:
  • Одделение за персонален менаџмент и професионален развој;
  • Одделение за правни работи;
  • Одделение за морал, социјална заштита и рекреација и
  • Одделение за административни, поштенски и архивски работи.

Телефони за контакт:
02/328-2082
02/328-2529