 | Бобан Стојановиќ е роден во Скопје , Република Македонија на 12 Јули 1972 година. Тој се приклучи во Армијата на 01 Септември 1989 како ученик во Воената Гимназија во Поранешна Југославија. Заврши напредна обука за подофицер во военото техничко училиште за Копнена Војска 1992 година. Бобан Стојановиќ е поставен на позицијата Главен Подофицер на Армијата на Република Македонија на 30 Декември 2006 година. Воената кариера ја гради на многу различни лидерски и штабни должности вклучително како – Подофицер за сообраќај во граничниот батаљон-Битола (1992-1996), Командир на одделение во Командата за Обука-Скопје (1996-1998), Командир на вод во Командата за Обука-Скопје (1998-2001), Аѓутант-шеф на кабинет на Командантот на Команда за Обука (2001-2003), Аѓутант на Заменик на Началникот на Генералштабот на АРМ (2003-2005), Аѓутант на Началникот на Генералштабот на АРМ (2005-2006), Главен Подофицер на Армијата на Република Македонија (2006- ). Воената и цивилната едукација на ГПОФ на АРМ, Стојановиќ опфаќа курс за подофицери од Логистиката на АРМ изведен во Битола (1994), НАТО школа во Германија - курс за високи подофицери (2006), Џорџ Маршал Европски Центар за безбедносни студии во Германија, меѓународен семинар на Главни Подофицери (2008), Академија за Главни Подофицери vo SAD( рангиран во најдобрите 20% од класата ), класа 58 во Форт Блис, Тексас( 2008). Запишан на Универзитетот Св.Кирил и Методи во Скопје. Зборува странски јазици како што се Српско-Хрватски и Англиски. Одликувања* во текот на кариерата вклучително и Меѓународниот Воен беџ од Академија за Главни Подофицери, завршена во САД.* Бобан Стојановиќ е оженет со Афродита и ја имаат ќерката Настасија и синот Давид кои исто така живеат во Скопје- Република Македонија. Тој е мајстор-инструктор на карате вештината и носител на (III – San)-Dan црн појас а воедно е и Државен судија во Карате Федерацијата на Република Македонија. |