Навигација
Центар за медицинска обука при Воената болница СкопјеСо новата формација на Воената болница воспоставен е Центар за медицинска обука. Во соработка и со помош на Швајцарската армија, од 2000 год. до сега, Центарот e опремен со основна наставна медицинска опрема, со потрошни и непотрошни средства за настава. Со нивна помош направени се наставни планови и програми и отпечатена е основна литература по која се работи (на македонски, албански и англиски јазик). Со супервизија на Швајцарски инструктори, досега се одржани 16 курса со учество на преку 300 слушатели (воени лица на АРМ). Во рамките на Јадранската повелба одржани се 3 курса "Обука на инструктори" со учество на медицински инструктори од Албанија, Хрватска и РМ и извршени се 3 подготовки на "Здружениот медицински тим за мисијата ИСАФ" со учество на претставниците од Албанија, Хрватска и РМ. Покрај горенаведените активности во Центарот е извршена обука за укажување итна медицинска помош и за членовите на Швајцарската и Холандската амбасада, како и обука на 60 припадници за Граничната полиција под покровителство на ОБСЕ. Со досегашното искуство на 3 супервајзери и 25 инструктори лиценцирани од Швајцарска страна, со голема подршката од страна на Швајцарската конфедерација (материјална и со инструктори), која е договорена до 2010 година и со користење на Воената болница како база со специјалистички кадри, оспособени сме да одржуваме курсеви од различно ниво и стручност на англиски јазик. Центарот е оспособен да планира, организира и реализира курсеви за прва помош на немедицински лица (животоспасувачи), курсеви за медицински лица од различен профил и подготовки на припадници на АРМ пред упатување во мисија во странство. Досегашното искуство вопланирање и реализација на меѓународни медицински курсеви ја наметна можноста за организација и трансформација во Регионален центар за медицинска обука. |