Навигација
АРМ
Трага: АРМ>Организација
Армија на Република МакедонијаАрмијата на Република Македонија останува целосно посветена на заложбите за исполнување на стандардите и за достигнување на целосна интероперативност со НАТО-силите.Трансформацијата на вооружените сили е процес кој континуирано тече. Новата стратегиска реалност и заканите врз безбедноста на Република Македонија, како земја-партнер, не се разликуваат од оние со кои се соочуваат сите земји членки на НАТО и на ЕУ. Самата ситуација налага трансформација и унапредување на безбедносните способности и капацитети во рамките на пошироката безбедносна интеграција.Нужноста од трансформација на вооружените сили е развлечена помеѓу потребата од флексибилни сили, наменски и брзо распоредливи, и интероперативност со сојузниците и со партнерите.Способностите на вооружените сили треба да одговорат на потребите на колективната и кооперативна безбедност. До пред една деценија, Република Македонија располагаше со гломазен, конвенционален корпусен модел на вооружените сили, кој беше ограничен со своите капацитети и способности, нефлексибилен, и пред се, економски несоодветен.Со развојот на Стратегискиот Одбранбен Преглед (СОП) и со неговата имплементација, Армијата на Република Македонија навлезе во напредна фаза на имплементација на Динамичкиот план за трансформација на АРМ.Новата командна структура и структурата на силите што се воспоставува е многу поинаква во споредба со структурата на АРМ, што ја имаше пред влегувањето во Партнерството за мир и пред вклучување во МАП – процесот. Во овој контекст, Динамичкиот план за трансформација на АРМ 2005-2007, кој се состои од три фази предвидува етапно реструктуирање на воените единици во помали, мобилни, одржливи и поефикасни сили, способни да одговорат на новите закани. Во првата фаза (декември 2005 година) се трансформирани 60% од командите и единиците на АРМ.Согласно планот, во оваа фаза беа згаснати и беа трансформирани планираните единици со што целосно беше исполнет планот од Динамичкиот план за трансформација на АРМ.Во оваа фаза беа трансформирани Генералштабот на АРМ, Командата на КОВ во Здружена Оперативна Команда(ЗОК), Првата пешадиска бригада во Прва механизирана пешадиска бригада,Командата на ВВ и ПВО во Воздухопловен ВИНГ,Команадата за логистика во Команда за логистичка поддршка. Со предавањето на надлежностите од МО/АРМ на МВР/ Граничната полиција, беше згасната Првата гранична бригада на АРМ. Во втората фаза (до крајот на 2006 година) предвидено е да се трансформираат 30% од единиците и командите, со што заедно со постигнатото во првата фаза, ќе се дојде до процент на трансформација од 90%. Во оваа фаза е планирана целосна трансформација на единиците за борбена и логистичка поддршка и целосна опременост на декларираните единици.Поголеми единици кои ќе бидат трансформирани во оваа фаза се Втората пешадиска бригада, Одредот за специјални операции, Полкот за врски, Оклопниот и Артилерискиот баталјон, како и Баталјонот за воената полиција. Трансформацијата на АРМ целосно ќе биде заокружена до крајот на 2007 година, кога во последната, трета фаза ќе бидат трансформирани и преостанатите 10% од единиците и командите.Во оваа фаза е предвидено да се изврши трансформација на Командата за обука, Центарот за обука за борбени родови и родови за борбена поддршка ЦОБРиРБП и Центарот за обука, како и на Воената болница, а ќе профункционира и системот за военото образование и обука. Со идната командна структура и структурата на силите која ќе ја постигнеме, Армијата на Република Македонија ќе биде мала, но мобилна и ефикасна вооружена сила со активен состав од околу 7.700 лица и со резервен состав од 4850. Редукцијата на персоналот од 13.000 на 7.700 и достигнувањето соодветна застапеност од припадниците на етничките заедници претставуваат главен предизвик во реализацијата на плановите.Новата структура на АРМ ќе ја одразува соодветната и правична застапеност на заедниците во Република Македонија. Армијата на Република Македонија нема да застане на достигнатиот степен на трансформација, напротив, со забрзано темпо ќе продолжи процесот на реформи, се до постигнувањето на крајната цел, полноправно членство во НАТО-Алијансата. Следува шемата на структурата на АРМ:
|