konkurs-prv-ciklus-2010.jpg

 



БИОГРАФИЈА

на полковник Љупчо Костовски
Командант на Команда за обука

Полковник Љупчо Костовски е роден на 11.11.1961 година, во Охрид.
Оженет е со г-ѓа Снежана и имаат две ќерки.
Основното училиште го завршува во родниот град Охрид, а средното образование го продолжува во Воената гимназија во Белград, која ја завршува во 1980 година.
Во 1984 година ја завршува Воената академија на КоВ, род артилерија.
Војничката кариера ја започнува со должноста командир на артилериски вод во гарнизонот Тетово.
Со осамостојувањето на Република Македонија во 1992 поставен е на должност командир на топовска батерија, во гардиската бригада во Скопје.
Понатамошната војничка кариера ја гради како пешадиски офицер, од командир на пешадиска чета до командант на пешадиски баталјон во гарнизонот Тетово.
После завршувањето на Командно-штабната академија во Скопје, во 1997 година поставен е за Началник на С-3 секција во пешадиска бригада.
Во 2000 година е поставен за извршен офицер - шеф на кабинет на ЗНГШ на АРМ.
Во 2002 година е поставен на должност Офицер за селекција и унапредување на офицерите, во Г-1 на ГШ на АРМ.
Во време од 2003 до 2005 година е упатен на работа како партнески штабен елемент, офицер за вежби, во Координативна Ќелија на Партнерството (ПЦЦ) во Монс, Белгија.
После враќањето од Белгија, во 2006 година, поставен е на должност Шеф на Кабинет на ЗНГШ на АРМ.
Во 2008 година дипломирал на Школата за национална безбедност во Загреб, Република Хрватска, после Што е поставен за командант на Командата за обука на АРМ.