 | 1.Лични податоци Лапевски Михаил Васко, потполковник, роден 26.12.1964 година, во с.Владимирово, Берово, Р.Македонија. Оженет е со Снежана Лапевска и е татко на две деца, Мартин и Дијана. 2.Образование Завршил ВСС, факултет за одбрана во Скопје 1984-1988година. 3. Војничка кариера Прво вработување му е во штаб за ТО во Берово во 1990 год. На формациско место,референт за обука , врски и КЗ. Во 1992 година, со формирањето на АРМ и укажаната потреба на офицери во АРМ заминува на курс за дошколување во АРМ. По неговото завршување е промовиран во чин поручник и распреден е во постојаниот состав на АРМ. Во војничката кариера ги има извршувано следните должности: o командир на питомечки вод, o командир на стрелачки вод во пешадија, o командир на самостоен извидувачки вод, o заменик командир на чета, o командир на штабна чета o заменик командант во механизирана пешадиска чета Заради усовршување на своето воено-стручно образование ги има завршено следните курсеви: o курс за извидувачки единици o курс за структура на резервните сили o МПРИ кура o Курс за закон за вооружен конфликт и учество на неколку семинари, конференции и меѓународни вежби |