Навигација
Команда за логистичка поддршкаКООРДИНАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ПОДРШКА ОД ЗЕМЈАТА ДОМАЌИНКоординативниот центар започна со работа од 03 Април 2006 година. По својата мисија, дефинирана во областа на логистичките задачи, Координативниот Центар треба да обезбеди подршка на НАТО здружените операции на Балканот. Како проект почна да се реализира на почетокот од 2005 година со испраќање на тим офицери и подофицери на АРМ во НАТО Штабот Скопје на обука. Истите беа интегрирани во формацијата на НАТО Штабот, што за првпат е реализирано со ПЗМ земја. До почетокот на работа Координативниот Центар реализирани се две шестмесечни ротации со вкупно 18 обучени старешини. Основната задача на центарот ќе биде: 1.Да ги надгледува и следи извршувањето на сите логистички активности во областа на одговорноста во координација со силите на КФОР. 2.Олеснувањето на протокот на информациите како и на логистичките активности на НАТО ќе биде основна цел на Координативниот центар за ПЗД , а согласно законската легислатива на Р.Македонија. 3.Да ги надгледува Комуникациските врски во областа на заеднички операции на Балканот во однос на воздушен, патен и железнички сообраќај и конвои кои минат низ Р. Македонија. 4.Да биде во тек и да ги координира сите царински и гранични процедури за полесно и побрзо извршување на сите планирани активности во зоната на одговорноста. 5. Ќе биде задолжен за решавање на сите царински проблеми кои се појавуваат на граничните премини како и за олеснување на побрз премин и транзит низ територијата на Р. Македонија. 6. Да обезбедува и изработува податоци за оперативни и логистички извештаи и повратни информации побарани од страната на силите за подршка на мисијата на КФОР. 7. Да овозможи брза размена на информации, да обезбедат подршка на оние кои ја бараат и решаваат било какви проблеми кои што може да се случат. 8. Да обезбеди полесен и брз пристап до сите медицински установи согласно договорот помеѓу НАТО Штабот во Скопје и КФОР во Косово со М. за Одбрана- Воена болница како и претстојниот договор со Министерство за Здравство. 9. Координирање и менаџирање на сите НАТО воени летови. 10. Координирање помеѓу Јавното претпријатие за аеродромски услуги, Гранична полициа, Царината на аеродромот Петровец со Националните елементи за подршка на Нациите за олеснување на логистичките операции кои се одвиваат во воздушен сообраќај. 11.Развивање на стабилна и политичка држава интегрирана во НАТО семејството која може да обезбеди логистичка подршка на НАТО во Балканскиот регион 12.Целосна цивилна и воена подршка во мир или во војна на НАТО или други сили за подршка од страна на Координативниот центар. Во својата активност КЦ во веќе дефинирани фази ќе ги превзема функциите на логистичката подршка од НАТО Штабот Скопје, се до постигнувањето на потполна оперативна способност до средината на 2007 година. При тоа ќе се користат Стандардни Оперативни Процедури кои ќе ги задоволуваат стандардите на НАТО и легислативата на РМ. Согласно планот за намалување на персоналот во НАТО Штабот Скопје Координативниот центар ќе ја превземе одговорната улога при реализирањето на мисиите на НАТО во логистичкиот дел во зоната на одговорноста на Балканот. Ова ќе биде чекор напред во основната заложба на Р. Македонија за придружно членство во НАТО Алијансата. |