ОПШТИ ФУНКЦИОНАЛНИ ЗАДАЧИ НА
КОМАНДАТА ЗА ЛОГИСТИЧКА ПОДДРШКА
МИСИЈА
Во мир да ги обезбеди 1, 2 и 3 линија на поддршка за единиците на АРМ како и 1 линија на поддршка за органските единици. Во услови на криза или војна да ги обезбеди 2 и 3 линија на поддршка за единиците на АРМ како и 1, 2 и 3 линија на поддршка за органските единици.
Во мир , војна или криза да обезбеди протоколарни почести од различен карактер, оддржување на патиштата и командните места и физичко обезбедување на издвоените објекти и објектите од посебно значење.
ЗАДАЧИ
• Води материјално сметководство и преглед на материјалните средства за сите единици;
• Ги сместува, чува и одржува материјалните средства од ВМР на сите единици на АРМ, согласно наредбата за ешалонирање;
• Управува со движењата и транспортот во АРМ;
• Ги следи логистичките потреби и состојби со материјалните средства за сите единици на АРМ;
• Обезбедува базна поддршка на единиците на АРМ;
• Врши набавка на материјални средства, согласно потребите и надлежностите, а во склад со законските прописи;
• Учествува, создава и имплементира логистички и други планови и програми;
• Врши прием, сместување, чување, зановување и дистрибуција на материјалните средства од сите класи на материјали;
• Се грижи за тековното одржување на инфраструктурата во АРМ;
• Ги обезбедува сите нивои на одржување на материјалните средства;
• Ги обезбедува првото и второто ниво на медицинска поддршка;
• Ги реализира добиените наредби, приоритети, планови и насоки од ГШ на АРМ;
• Планира, организира и извршува задачи од доменот на инжинериско уредување на територијата;
• Организира и извршува протоколарни почести од различен карактер;
• Организира и извршува физичко обезбедување на издвоените објекти и објектите од посебно значење.
• При мисија, ги зајакнува логистичките капацитети на останатите единици на АРМ;