Навигација
Трага: АРМ>Македонски Блесок - 07
Македонски Блесок - 07На 17 јуни (недела) со почеток во 11.00 часот во Центарот за обука (ЦО) ,,Пепелиште“ ќе се одржи свечено отварање на Здружената билатерална воена вежба ,,Македонски Блесок – 07“.Вежбата која со динамика ќе започне од 18 јуни и ќе трае до 30 јуни е одлична прилика за размена на искуствата помеѓу припадниците на Армијата на Обединетото Кралство и АРМ, но и за обука и стекнување на нови знаења во услови кои ги нуди Армискиот полигон ,,Криволак“. Целта на оваа заедничка вежба која е класифицирана како LIVEX или вежба на терен, е персоналот на двете партнерски армии во претстојните две недели да се обучи и извежба за изведување на заеднички операции за стабилизација и поддршка на мирот, предводени од НАТО. Во оваа прилика ,,Шкорпионите“ на АРМ и нивните колеги од составот на декларираните сили на АРМ кои учествуваат на вежбата, во пракса треба да го покажат достигнатиот степен на интероперативност и оперативна способност за учество во мисии предводени од НАТО. Посебно е важно да се истакне дека во текот на вежбата во целост ќе се применуваат НАТО стандардите и процедурите предвидени за изведување на практични форми на обука. Исто така, во еден период од вежбата, предвидено е да се изврши и самооценување (ниво - 1) на единиците на АРМ кои учествуваат на вежбата, а кои се дел од декларираните сили на АРМ, на што во Алијансата му се придава големо внимание. Вежбата ќе ја отвори командантот на 1.мпбр бригаден – генерал Насер Сејдини, а ќе присуствуваат и гости од ГШ на АРМ и Здружената оперативна команда. Се покануваат новинари, сниматели и фоторепортери, да присуствуваат и да известуваат за настанот. За таа прилика ГШ на АРМ на 17 јуни обезбеди организиран превоз до ЦО ,,Пепелиште“ со поаѓање во 09.00 часот, пред зградата на МО и ГШ на АРМ. Претставниците на медиумите кои имаат намера да пристигнат со сопствени моторни возила, потребно е да бидат на влезот во ЦО ,,Пепелиште“ најдоцна до 10.45 часот. |