|
|
МИСИЈА И ЗАДАЧИ НА ГШ НА АРМ МИСИЈА HA APM - Како вооружена сила на граѓаните на Република Македонија, со постојаниот и резервниот состав, се организира, подготвува и оспособува за водење вооружена борба и борбени и други дејствија за остварување на својата уставна улога и функција за одбрана на Република Македонија, како и за учество во Мисии и задачи за одбрана и чување на мирот и безбедноста и за противтерористички дејства во земјата и странство, во содејство или во состав на колективните системи за безбедност и одбрана (НАТО, ЕУ, ПзМ).
МИСИЈА НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ HA APM - ГШ на АРМ ги извршува оперативните и стручни работи во планирањето, организирањето, подготвувањето и командувањето со Армијата во целина или нејзини делови, при остварување на задачите кои произлегуваат од мисијата на АРМ.
1. ЗАДАЧИ НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ HA APM - Планирање на организацијата и формацијата на Армијата:
- му предлага на МО организација и формација на АРМ,
- изработува долгорочни планови, планирање на воени кампањи и планирање на сили.
- врши здружено планирање и координација со МО и други органи на власта,
- ја формулира и објавува политиката на ГШ,
- ги определува воените потреби и приоритети за планирање на силите и ги анализира врските меѓу воените потреби и достапните ресурси и советува за прашања во врска со НАТО стандардизацијата,
- унапредување и развој на стратегии во областа на обуката, оперативните способности, готовноста, набавките и опремувањето, одржувањето на опремата, логистиката и стандардизацијата,
- Планирање употреба на Армијата:
- му предлага на МО План за употреба на АРМ,
- ги координира организациските, безбедносните, воено-стручните и други мерки и активности потребни за успешна реализација на мисијата на АРМ,
- ја координира изработката на плановите на потчинетите команди,
- планира мерки, активности постапки за подршка на силите на МВР во одстранување на асиметричните закани,планира воспоставување соработка со мултинационалните агенции и организации од областа на одбраната ,
- Организира подготовки и извршување на мобилизацијата на АРМ:
- изработува мобилизациска проценка,
- изработува предлог за мобилизациски развој на АРМ,
- подготвува план за мобилизација на АРМ,
- извршува мобилизација на АРМ или нејзини делови,
- Предлага мерки за зголемување на борбената готовност на АРМ:
- го организира и следи спроведувањето на мерките за готовност на АРМ и превзема мерки за нивно извршување,
- ја следи и контролира борбената готовност на командите и единиците на АРМ и превзема мерки за нејзино подобрување,
- Планирање на финансиски средства за потребите на АРМ:
- предлага годишен, среднорочен и долгорочен финансиски план за потребите на АРМ,
- ги спроведува одобрените годишни, среднорочни и долгорочни финансиски планови за потребите на АРМ,
- ја следи ефикасноста и наменската реализација на средствата согласно прописите донесени од министерот за одбрана,
- Планирање за опремување на АРМ:
- му предлага на МО годишен, среднорочен и долгорочен план за опремување и модернизација на АРМ,
- спроведува материјално обезбедување на АРМ, согласно планот за опремување на АРМ,
- Планирање на вежбовните активности на АРМ:
- му предлага на МО годишен план на вежбовни активности на АРМ,
- изведува вежбовни и други активности за оспособување на АРМ во согласност со годишниот план,
- врши мобилизација (за обука) на одделни формациски состави на АРМ,
- Планирање и спроведување персонален менаџмент во АРМ во согласност со кадровската политика на МО:
- доставува до министерот за одбрана предлози за поставување, унапредување и разрешување воени старешини на должности за кои се предвидува чин мајор и повисок чин,
- поставува, унапредува и разрешува воени старешини заклучно со чин потполковник(професионалните војници се во надлежност на првопотчинетите команди),
- произведува во почетен чин воени старешини - подофицери,
- Планира школување, стручно оспособување и усовршување на лицата на служба во АРМ:
- доставува до министерот за одбрана годишен планови за школување, стручно оспособување и усовршување на лицата на служба во АРМ,
- Планира, организира и спроведува логистичка подршка во АРМ,
- формулирање на логистичката политика на АРМ;
- планира, оценува и ги координира силите со логистиката на МО на полето на снабдување, одржување, движење и транспорт, медицинска поддршка, инфраструктура и услуги,
- договарање и следење на потребите за транспорт;
- договарање на поддршка преку соодветната агенција во однос на набавките и употребата на ресурси ;
- следење на критичните класи на материјали и превземање мерки за набавка,
- организира подршка и одржување на потчинетите единици и времени состави,
- ажурирање на логистичките потреби;
- подготвува детален преглед на логистичките резерви и мирновремени залихи;
- врши проценка на капацитетите на АРМ за одржување, обезбедување на услуги, објекти за складирање и друга инфраструктура,
- координирање на операции за оддржување, реконструкција на инфраструктурата на АРМ;
- координирање на оперативните логистички функции и потреби
- определување на потребите од склучување договори и изработка на потребна документација;
- изработува документација за подршка на Република Македонија како земја домаќин;
- Ги согледува потребите и организира планирање и спроведување на обуката за припадниците на АРМ, особено на планот на:
- операции за справување со кризи
- координација на обука на декларираните единици на АРМ во мултинационални операции и мисии за одржување на мирот и борба против тероризмот,
- координација на проекти за обука и вежби со командните авторитети на НАТО земјите,
- воена соработка која се фокусира на соработката меѓу земјите на НАТО и ПзМ, во врска со курсеви за англиски јазик (воена терминологија), посети на експертски тимови и други настани во текот на целата година.
- Организира и подготвува врски за командување и контрола,
- координирање на информациите во рамките на АРМ,
- развој на системи за управување со информации,
- подготвува предлози за разрешување на прашања поврзани со К4 и автоматските информативни системи,
- управуваат со определувањето на фреквенции за АРМ;
- изработува делови од оперативните планови.
- Планира и спроведува криптозаштита на тајните податоци значајни за АРМ,
- Ја планира, координира и набљудува употребата на процедурите и средствата за криптозаштита;
- Организира и спроведува противелектронско обезбедување, (доколку ЦЕИ остане во состав на ГШ на АРМ),
- Организира и спроведува набљудување, контрола и обезбедување на суверенитетот на воздушниот простор на Република Македонија
- ја следи состојбата во поглед на обезбедување на суверенитетот на воздушниот простор на Република Македонија,
- Разузнување и контраразузнување во АРМ:
- координира активности за разузнување и контраразузнување во АРМ,
- координира откривање и учествува во спречување на терористички дејности насочени кон одбраната на Република Македонија,
- врши информирање на персоналот на разузнувањето, тимовите за набљудување и организациите кои го подржуваат разузнувањето во врска со пријателските цели, намери, планови на ГШ, како и реализацијата на операциите на АРМ.
- ги определува разузнувачки приоритети во АРМ,
- обезбедување на соодветни и навремени разузнувачки податоци за потребите на МО и по потреба врши информирање на повисоките служби и национални агенции за тековната состојба, приоритетите и потребите на разузнувањето.
- по потреба, доставува разузнувачки податоци на потчинетите команди,
- изработува план за контраразузнување во АРМ,
- изработува делови од оперативните планови.
- Планира заштита на силите во АРМ,
- координира ангажирање на Воената полиција и изведување на инженериски работи заради обезбедување на лица, Команди и објекти одредени од министерот за одбрана, на просториите на кои се изведуваат вежбовните активности, како и регулирање и контрола на воениот сообраќај,
- планира мерки, активности и постапки за заштита на тајните податоци во АРМ,
- Планира и координира активности за откривање и спречување на вршење кривични дела во АРМ,
- Планира и координира активности за уредување на територијата за потребите на АРМ
- Остварува соработка со странски армии, цивилни власти и организации, во согласност со планот на МО,
- остварува соработката со цивилните власти и организации во земјата,
- подготвува и организира обука, проценки и процедури за CIMIC,
- Донесува стручни правила и упатства што се однесуваат на употребата на единиците на АРМ, внатрешниот ред и односите во вршењето на службата во АРМ и други стручни правила и упатства од значење за работа во АРМ,
- верифицира Правила и упатства за единици, родови и служби во АРМ,
- ги запознава потчинетите команди за прашања поврзани со меѓународно хуманитарно право, Закон за воени конфликти, договори за статус на силите, други договори и други оперативни прашања како на пример правила за ангажирање и одредување на цели.
- Командува со единиците на АРМ, согласно прописите за командување донесени од Претседателот на Република Македонија,
- Регулира учество на единици од АРМ врз основа на наредба од Претседателот на Република Македонија, во:
- одстранувањето на последиците од вонредна состојба,
- заштита и спасување од поплави, пожари, земјотреси,
- пронаоѓање, собирање и уништување на неексплодирани убојни средства.
|
|