Трага: За нас
ШТО ПРЕТСТАВУВА ПРОГРАМАТА „ЛЕПЕЗА”?
Програмата за подготовка за враќање во цивилен живот „ЛЕПЕЗА“е дел од Стратегијата за управување со човечките ресурси во Министерството за одбрана на Република Македонија. Програмата е одобрена од страна на mинистерот за одбрана во ноември 2005 година. Преку реализација на повеќе проекти Програмата нуди помош и поддршка на воените лица за полесна интеграција во цивилниот живот, по престанокот на службата во Армијата на Република Македонија. ![]() Акронимот „ЛЕПЕЗА“ означува: Л –лично (кандидатот има можност на личен избор; право на лична одлука - лепеза на можности за избор); Е - едукација (кандидатот има можност за разни видови едукација - лепеза на можности во изборот на видот на едукацијата); П – план (кандидатот планира иднина, МО донесува програми, планови и проекти); Е - енергично (кандидатот по донесувањето на лична одлука, енергично пристапува кон нејзината реализација); З – заедно (кандидатот не е сам,тој е заедно е со други кандидати - воен персонал на АРМ, со МО и со партнерите утврдени во Програмата за остварување на заедничка цел - лепеза од можен избор на партнер за иднина); А – активно (кандидатот активно учествува во процесот, од аплицирањето, преку транзициските семинари и фазата на преобука до завршетокот на процесот, односно до вработувањето во цивилните институции); Мотото на Програмата е : „ПЛАНИРАЈ ЈА ИДНИНАТА, |