Во деновите од 15 - 17 декември 2009 година, во Центарот за транзиција во Скопје се реализира шеснаесеттиот транзициски семинар. На овој семинар присуствуваа 7 кандидати за транзиција - професионални војници. Во текот на тридневниот транзициски семинар, учесниците имаа можност да се запознаат со Програмата „ЛЕПЕЗА“ како и со можностите кои истата ги нуди. За време на семинарот учесниците се запознаваат со следните тематски единици: Прв ден: “Промените и транзицијата“: - Запознај се себеси
- Ситуациско снимање интервју за работа
- Избор на кариера
- Личен план за кариера.
Втор ден: “Подготви се за остварување на своите работни цели“ - Пишување автобиографија
- Пишување на писмо на мотивација
- Пополнување на апликации за работа
- Пребарување на работни места преку интернет.
Tрет ден: “Стратегија на сопствен маркетинг“ - Методи на барање работа
- Интервју–разговор за работа
- Дали да започнете сопствен бизнис
- Оснивање на фирма, регистрација на фирма.
Освен теоретскиот дел учесниците имаа можност и практично да применат дел од знаењата стекнати за време на семинарот. |