19 март 2009 година, Во просториите на бизнис Start-up центарот, на свечен начин беше одбележано завршувањето на обуката од областа на менаџментот и претприемаштвото со втората група на офицери и подофицери кои се вклучија во Програмата „ЛЕПЕЗА“, во Проектот за стручно оспособување на офицери, подофицери и професионални војници за цивилни занимања. Оваа обука се изведуваше во Центарот за развој на нови бизниси при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј” во Скопје, во траење од три месеци. За време на обуката учесниците стекнаа знаења од областа на менаџментот, претприемништвото, маркетингот, како и ИТ обука. На обуката учествуваа вкупно 13 учесници, (осум офицери, двајца подофицери и еден професионален војник) кои изработија комплетни бизнис планови. На доделувањето на сертификатите учествуваа деканот на машински факултет Проф. д-р Атанас Кочов, раководителот на Бизнис Start-up центарот Проф д-р Радмил Поленаковиќ, претставници од Секторот за кадровски менаџмент и од Одделението за транзиција при МО на РМ, претставници од Амбасадата на Кралството Норвешка, како и професори кои директно или индерктно партиципираа во обуката. |