На 12.11.2009 година, Министерот за одбрана, г-динот Зоран Коњановски и Амбасадорот на Кралството Норвешка во Република Македонија Н.Е. Кјетил Паулсен го потпишаа Договорот за донација за финансиски средства наменети за Програмата за подготовка на воениот персонал за враќање во цивилен живот „ЛЕПЕЗА“, за 2009 и 2010 година. До крајот на 2009 година, планирани се 2 транзициски семинари, првиот во Центарот за транзиција во Скопје во периодот од 15.12.2009 - 17.12.2009 година, а вториот во Центарот за транзиција во Штип во периодот од 22.12.2009 – 24.12.2009 година. - Се повикуваат сите професионални војници на кои им завршува службата поради старосната граница или поради завршување на договор, а имаат најмалку 4 години активна служба во АРМ, да се јават во надлежната Г-1/С-1 служба во единицата во којашто служеле или во најблискиот Центар за транзиција во Скопје, Штип или Кичево и да се информираат за транзициските семинари. - Се повикуваат сите кандидати за транзиција, коишто го имаат реализирано транзицискиот семинар да ги посетат Центрите за транзиција во Скопје, Штип и Кичево кадешто во консултација со советниците за транзиција, ќе се определат за одреден вид обука за стручно усовршување и ќе пополнат формулар за обука за стручно усовршување. Информации за транзициските активности може да се добијат од советниците за транзиција на телефоните: 02/328-3873 – Скопје; 032/207-002 – Штип и 045/216-690 – Кичево. |