Во периодот од 21 до 23 април 2008 година делегација од Министерството за одбрана на Република Србија-Претставници на Програмата „ПРИСМА“, во состав: полк. Милан Миќановиќ, Г-ѓа Мирјана Корица и мајор Горан Ненадовиќ реализираше дводневна посета на Секторот за кадровски менаџмент- Одделение за враќање во цивилен живот. Во текот на тридневната посета беа реализирани следните активности: - Прием од страна на Раководителот на Секторот за кадровски менаџмент - Презентација за промените во доменот на човечките ресурси, од страна на Раководителот на Одделението за враќање во цивилен живот, пполк Ѓорќи Митриновски, - Презентација за содржината и поставеноста на Програмата „ЛЕПЕЗА“ , од страна на Советникот за планирање и развој на проекти, Г-ѓа Афрдита Волина, - Посета на Центарот за развој на нови бизниси при Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј каде од страна на Директорот на Центарот Г-дин Радмил Поленаковиќ беа запознаени со начинот на реализацијата на Обуката за менаџмент и претприемаштво која ја реализираат за потребите на кандидатите за транзиција. - Посета на Центарот за транзиција во Кичево, каде посетителите беа запознаени со активностите во центарот од страна на Советникот за транзиција Кап. Лазо Петров. - Презентација за водење во кариреа на офицерскиот и подофицерскиот кадар во АРМ, од страна на заменикот на началникот на Г -1, Пполк. Сашо Коцевски. За време на посетата од страна на претставник на Програмата ПРИСМА полк. Милан Миќановиќ беа презентирани бенифициите на кандидатите за транзиција од Програмата ПРИСМА во рамките на Проектот за самовработување Оваа посета беше од исклучително значање за Одделението за враќање во цивилен живот заради понатамошен развој и продлабочување на билатералната соработка помеѓу Програмите „Присма“ и „Лепеза“ . |