Напредна обука на советниците за транзиција

09:52 - саб., 05.07.2008

 
Во периодот од 05 до 09 мај 2008 година се реализираше напредна обука на советниците за транзиција во просториите на Центарот за транзиција во Скопје. Обуката ја реализираше експерт -инструктор од Right Menagement Consultants од Велика Британија. Програмските содржини кои беа опфатени за време на еднонеделната обука беа со цел проширување на стекнатите знаења и вештини на советниците за транзиција, во врска со имплементација на Програмата за подготовка за враќање во цивилен живот „ЛЕПЕЗА“ , работа со тестови за професионални преференци и интереси, методи на советување на кандидатите за транзиција за начини за барање на работа во цивилните структури, методи на советување на кандидатите за транзиција за започнување на сопствен бизнис, како да се воспостави контакт со евентуални работодавачи, начин на организирање на форуми и саеми за работа, најефикасни начини на барање на работа во Република Македонија и начин на асистенција на лицата кои бараат работа, искуства при воспоставување на контакти помеѓу работодавачите и системот за транзиција во Велика Британија.