Галерија





 

ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗИРАНO ИНФОРМИРАЊЕ НА СТАРЕШИНИТЕ ОД ЕДИНИЦИТЕ ВО ГАРНИЗОНОТ ШТИП ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ПЕРСОНАЛНИТЕ ПРАШАЊА ВО СВОИТЕ ЕДИНИЦИ

11:33 - пет., 25.12.2009

 

На ден 23.12.2009 година, со почеток во 12.00 часот, во просториите на Центарот за транзиција во Штип од страна на претставниците на Секторот за кадровски менаџмент од Одделението за транзиција, во состав:

- Љупчо Митковски - помошник раководител на Секторот за кадровски менаџмент,

- Афрдита Волина -советник за планирање и развој на проекти и Раководител на Одделение за транзиција по овластување, и

- мајор Коста Димитров -советник за транзиција

реализиранo е информирање на старешините од единиците во гарнизонот Штип задолжени за персоналните прашања во своите единици.

Од страна на единиците на информирањето присуствуваа: началникот на С – 1 во штабот на 1.мпбр, подофицерите за персонални прашања во 1.логистички баталјон и 1.пешадиски баталјон, командирите и првите подофицери во приштабските единици на 1.мпбр, сите лоцирани во гарнизонот Штип.

Присутните старешини беа информирани за Програмата за подготовка за враќање во цивилен живот „Лепеза“, со акцент на можностите кои им се достапни на професионалните војници-идни кандидати за транзиција и планирани идни активности на Одделението за транзиција.

Посебно внимание се посвети на активностите на единиците поврзани со дистрибуцијата и пополнувањето на Прашалникот за изјаснување за одреден вид на обука за стручно усовршување, кој треба да го пополнат ПФВ чиј работен однос завршува во текот на 2010 година и на обврските на старешините за првично информирање на сите ПФВ за можностите кои им се достапни на идните кандидати за транзиција.

Активностите поврзани со директното информирање на старешините задолжени за персоналните работи во единиците, се неопходни за директно и сеопфатно информирање на професионалните војници, како главна и најбројна целна група, како и за подобро функционирање на Програмата за подготовка за враќање во цивилен живот „Лепеза“.